Град Скопје: Улицата „Радишанска“ е проект кој во целост се реализира од градот Скопје

March 6, 2023
1 min read

-Вистинска срамота е кога функционер избран на непосредни избори од граѓаните, а во случајов од сопствените соседи, наместо реални проекти кои произлегуваат од сопствената програма, се кити со туѓи перја и лаже дека реализира свој, кога впрочем станува збор за туѓ проект. Улицата „Радишанска“ е проект кој во целост се реализира од градот Скопје – од проектирање, преку финансирање, до реализација, се вели во реакцијата на Град Скопје.

Оттаму велат дека општина Бутел, а уште помалку градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски има било каков придонес во овој проект.

-Срамно е ваквото лажење на сопствените граѓани и соседи кои својата доверба ја дале на човек кој не е способен да реализира свои проекти, па мора да лаже дека реализира ветување за проект во кој тој нема никаква допирна точка. Улицата „Радишанска“ е градска улица, што дополнително ја прави објавата на Костовски манипулативна, особено бидејќи покажува колку тој не ја познава својата работа и ингеренции. Оваа улица е дел од проектот „Скопје без заборавени населби“ од програмата „За Модерно Скопје“, се наведува во соопштението од Град Скопје. 

-Градот Скопје во континуитет ги реализира проектите од програмата избрана од граѓаните, која содржи клучни барања за подобрување на градската инфраструктура. Со исполнување на ветувањето за целосна реконструкција на една од најважните сообраќајници под надлежност на Град Скопје во општината Бутел, улицата „Радишанска“ се обновува во должина од 1.100 метри. Го реконструираме коловозот на улицата на површина од 7.363 м2, рабниците и тротоарите, а граѓаните од овој дел на градот, ќе добијат соодветно партерно уредување и реконструкција на последната автобуска постојка на линијата број 57, потенцираат од Град Скопје. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Германија: 4 лица се повредени, 1 исчезнат по сомнителна експлозија на гас

Следно

Зеленски донесе одлука за одбрана на Бахмут

Latest from Blog

Божиновска: Поддршка за средношколците кои создаваат решенија за зелена иднина

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска најави поддршка и покровителство од страна на Министерството за Националниот натпревар за најдобар бизнис концепт за зелени иновации наменет за средношколци. Божиновска ја

Општина Битола: 500 ученици во знак на спортот и здравиот живот

Околу 500 ученици од основните и средните училишта во Битола денеска учествуваа на „Есенскиот крос“, кој се одржа во Градскиот парк во Битола. Масовниот спортско-рекреативен настан им овозможи на учениците да се

Започнува Евролигата: Sвезда го пречекува Жалгирис, шампионот гостува во Баскија (Фото)

Најквалитетната кошаркарска лига во Европа вечерва ќе го има својот старт, а интересно, првиот меч снема да се одигра на „старион континент“, туку во Азија. Дубаи во „Кока Кола Арената“ ќе го
Go toTop