Ѓорѓиевски во Ѓорче Петров: Средби со граѓаните и план за реконструкција на паркот

August 13, 2025
1 min read

Вечерва, во Ѓорче Петров, Орце Ѓорѓиевски заедно со Александар Стојкоски и пратеникот Бојан Стојаноски, најави целосна реконструкција на паркот во центарот на општината.

„Овој парк зрачи со топлина, преполн е со луѓе, детска игра и смеа. Тука се чувствува вистинскиот дух на заедништвото. Затоа, веднаш по големата победа на локалните избори, ќе започнеме со неговата реконструкција“, изјави Ѓорѓиевски.

Тој истакна дека ќе се вложат сериозни напори за изградба на нови и реконструкција на постоечките паркови, со цел враќање на нивниот сјај и создавање повеќе јавни зелени простори за граѓаните.

 

„Овие места се каде што се создаваат спомени, каде што децата растат, семејствата се собираат, а соседите стануваат пријатели. Ќе се бориме да создадеме повеќе вакви простори кои ќе го разубавуваат секојдневието на скопјани“, порача Ѓорѓиевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Клиниката за урологија даде пример: пари за телефони вложени во опрема за пациенти

Следно

Билјана Ивановска ќе биде кандидат за градоначалник на Независните за општина Центар

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop