Клиниката за урологија даде пример: пари за телефони вложени во опрема за пациенти

August 13, 2025
1 min read

Универзитетската клиника за урологија во Скопје даде пример за тоа како бенефициите можат да се претворат во вистинска добробит за пациентите. Наместо да ги искористат субвенциите од околу 500.000 денари за купување нови службени мобилни телефони, вработените одлучија средствата да ги пренаменат за 18 клима-уреди и две машини за перење алишта.

Директорот на Клиниката, д-р Башким Шабани, изјави дека одлуката била донесена поради големата потреба од климатизација на болничките соби, особено во летните месеци кога температурите достигнуваат и над 40 степени Целзиусови. „Сите соби сега се климатизирани, пациентите се чувствуваат пријатно, а машините за перење значително го олеснија одржувањето на хигиената“, истакна Шабани.

Претседателот на Управниот одбор, Огнен Ивановски, додаде дека се работи за нов пристап во менаџирањето на здравствена установа. „Наместо нови телефони и привилегии за раководниот кадар, решивме средствата да ги вложиме во услови што директно им користат на пациентите“, рече тој, појаснувајќи дека ваквиот модел може да се примени и на други клиники.

Главната медицинска сестра, Виолета Стојановска, нагласи дека одлуката била донесена едногласно. „Пациентите се на прво место. Еден мобилен телефон и по две години е функционален, но клима-уредот и подобрената опрема имаат далеку поголемо влијание врз квалитетот на грижата“, рече таа.

Од Клиниката потсетуваат дека во последните години реализирале бројни донации и инфраструктурни подобрувања, вклучувајќи нови кревети, медицинска опрема, прочистувачи на воздух и современ апарат за биопсија на простата вреден 200.000 евра.

Со ваквиот потег, Универзитетската клиника за урологија испраќа порака до сите здравствени установи дека вистинските приоритети секогаш треба да бидат условите и грижата за пациентите, а не привилегиите за вработените.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Четири активни пожари, три под контрола

Следно

Ѓорѓиевски во Ѓорче Петров: Средби со граѓаните и план за реконструкција на паркот

Latest from Blog

Николоски: Стратешкото партнерство со САД е силно, инфраструктурните проекти се реализираат со одлична динамика

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава.  На средбата беше потврдена посветеноста на стратешкото

Коњановски: Младинско катче и кариерен центар за учениците во битолското економско училиште

Учениците во СОЕУ „Јане Сандански“ во Битола добија младинско катче и кариерен центар. Просторот го уредиле самите ученици со поддршка од нивниот професор и координатор Целе Јолевски, а на свеченото отворање присуствуваше

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи

Не дозволувајте да изгубите пари при откупот: СЕКЕ со важни совети за правилно пакување на тутунот

Со почетокот на сезоната за откуп на тутунот, компанијата СЕКЕ упати важни препораки до тутунопроизводителите за правилно пакување и чување на произведениот тутун, со цел да се зачува неговиот квалитет и да

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со
Go toTop