Голем руски ракетен напад врз Украина, има мртви, меѓу кои и тригодишно дете

April 28, 2023
1 min read

Новинската агенција Интерфакс Украина, повикувајќи се на локални извори, објави дека по полноќ биле пријавени експлозии и во Кременчук и Полтава во централна Украина, во Миколаев на југ, како и во Киев и во регионот околу главниот град

Рано утринава во цела Украина беа издадени предупредувања за воздушен напад, а во неколку градови во далечните региони, вклучително и во Киев, се забележани и ракетни напади, во кои досега загинаа најмалку пет лица, меѓу кои и едно тригодишно дете.

Како што јавува „Киев индепендент“, во Днепар загинале жена и тригодишно дете.

Снимките на социјалните мрежи од градот Уман покажуваат тешко оштетена деветкатна зграда откако била погодена. Шефот на воената управа во областа Ихор Табуретс извести дека загинале три лица, а осум се ранети.

Новинската агенција Интерфакс Украина, повикувајќи се на локални извори, објави дека по полноќ биле пријавени експлозии и во Кременчук и Полтава во централна Украина, во Миколаев на југ, како и во Киев и во регионот околу главниот град.

Првиот ракетен напад по 51 ден

Во Киев, системот за противвоздушна одбрана собори 11 проектили и две беспилотни летала, соопштија официјални лица.

Шефот на воената администрација на Киев изјави дека ова е прв руски ракетен напад врз главниот град во последните 51 ден.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Шмигал: Украина е подготвена да ги започне преговорите за влез во ЕУ до крајот на годината

Следно

Милан ја пронајде замената за Златан Ибрахимовиќ

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop