Голем пожар во фабрика за преработка на млеко во тетовско Камењане

August 25, 2024
1 min read

Голем пожар попладнево избувна во фабрика за преработка на млеко во тетовското село Камењане во Општина Боговиње. Се работи за компанијата „Хит 73“ во која се преработува млеко и се произведуваат млечни производи.

Бројни противпожарни екипи се обидуваа да го изгаснат огнот кој брзо се проширил речиси на целата фабрика. Официјално сѐ уште не се познати причините за пожарот.

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) велат дека пожарот е толку голем што на тетовските пожарникари на помош им доаѓаат противпожарни екипи од Скопје, Гостивар и Кавадарци.

 

Пожарот е локализиран по речиси два часа интензивна борба со огнот од страна на пожарникарите. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонските одбојкари поразени од Грција во квалификациите за ЕП

Следно

Манастирот во Матка се подготвува да ги пречека верниците на одбележувањето на Голема Богородица

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop