Главчев: Најдобрите времиња се минато, мора да сме реални и да работиме

June 17, 2025
1 min read

Новиот претседател на Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ), Томица Главчев, даде коментар на назначувањето на новиот селектор Марјан Илиевски. Тој можеби најдобро ги познава квалитетите на овој стратег, затоа што двајцата соработуваа во времето на гевгелискаБлокотехна,

„Во изминатиот период имавме разговори со повеќе лица и со добар дел од нив од објективни или субјективни причини не успеавме да најдеме заеднички јазик, да ги усогласиме сите нашите и нивните обврски. Така, благодарност до Марјан Илиевски и целиот тим што ја прифатија нашата покана. Тој како тренер го познаваме, горди сме што тој прифати по период на убедувања да влеземе во еден проект наречен решавање на проблемите со нашата А-селекција. Би сакал неколку кратки црти со оваа работа и очекувањата кои самите ние ги имаме. Мора да констатираме дека нашата А-селекција е некаде околу триесеттото место на ФИБА-листата. Времињата пред петнаесетина години кога бевме околу десеттото до дванаесеттото место се минато и ако сакаме да се впуштаме во посериозна анализа ќе забележиме дека од година во година, сакајќи или несакајќи, таа состојба се влошувала. Сакам да бидам реален оптимист, без разлика на приоритетите, дека сите проблеми ќе ги надминеме. Трпението е исправено пред нас, мора очекувањата да се реални. Таа макотрпна обврска пред нас е заедно со Илиевски, целиот тим и поддршка од јавноста, само со нив можеме да мрднеме од она мртвило кое е надвиснато над нас. Среќен сум што размислувањата околу правецот се заеднички. Ќе биде потребно подолго време “, изјави Главчев.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нов случај на семејно насилство во Скопје: Ја натерал сопругата да извади пари од банкомат, па ја удирал по лицето и вратот

Следно

ДУИ: ЕУ иднината на земјата е загрозена однапред

Latest from Blog

Трамп најави отворање на воена база во Полска: Одлична вест!

Во објавата, Трамп ја пофали соработката со полскиот претседател Карол Навроцки. „ОДЛИЧНИ ВЕСТИ! Благодарение на храброто водство на мојот пријател, полскиот претседател Карол Навроцки, постигнат е голем напредок кон воспоставување американска воена

Protestuesit nisin të mblidhen para Qeverisë

Qytetarë të shumtë kanë nisur të mblidhen edhe sonte në sheshin “Skënderbeu” në Prishtinë, për të protestuar pas vendimit të Gjykatës Speciale në Hagë për dënimin e ish-krerëve të Ushtrisë Çlirimtare të
Go toTop