Гир: Нема репреговарање на преговарачката рамка

July 1, 2024
1 min read

Нема можност за промена на преговарачката рамка на Македонија со ЕУ. Ова го изјави евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир, на прашање – дали постои шанса за промена на документот со кој Македонија треба да ги води преговорите за членство во Унијата. Евроамбасадорот изјави дека неговиот став за ова прашање е многу јасен. 

– Јас секогаш бев многу јасен за ова прашање. Овој договор кој беше постигнат во јули 2022год. резултираше со отворање на преговорите и скрининг процесот, за кој што рефереирав. Не гледам можност за промена на преговарачката рамка и таа позиција е непроменета и по изборите, вели Гир.

А премиерот Мицкоски денска порача дека не гледа причина кон договорот за добрососедство со Бугарија да не се додаде уште еден предлог, кој ќе се донесува на прашањето за Македонците во Бугарија. 

Пред новинарите изјави дека т.н. француски предлог (преговарачката рамка) од која прозилегоа уставните измени, е всушност репреговарање на договорот за добрососедство. 

– Диктати и ултиматуми не преговараме. Ако можел Договорот за добрососедство да биде репреговаран и на него да му се додаде т.н. француски предлог, не гледам причина зошто да не се додаде и некој француски предлог плус, вели Мицкоски.

Новиот министер за европски прашања Муртезани пак дециден- уставни измени ќе има со широк консензус, но прво ќе се разговара на темата. 

– Секако дека ќе се случат уставните измени, меѓутоа ние во минатото сме виделе дека тоа треба да биде еден инклузивен, поширок процес, за да има широк национален консензус, вели Орхан Муртезани министер за европски прашања. 

-Како ќе се случат, дали ќе разговарте со премиерот? Со Бугарија ќе разговарате ли?

-Секако. Ние сме поминале само една недела од како е формирана новата влада.Секако ќе има длабоки, суштински но и внимателни разговори за начините на кои сметаме дека треба да се реши тоа прашање.  

Новиот министер за европски прашања Орхан Муртезани денеска имаше и мал лапсус. Евроамбасадорот Дејвид Гир го нарече Ричард Гир – според славниот актер, новинарите го поправија, а евоамбасадорот се насмевна и кажа дека тоа е комплимент.  

Орхан Муртезани министер за европски прашања:

– Денеска имавме прва, многу успешна средба со амбасадорот на Европската Делегација, гдинот. Ричард Гир.

-Дејвид Гир, министре.

-Извинете, гдин Дејвид Гир, изјави Муртезани

-Комплимент е, одговори евроамбасадорот.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Турскиот министер Шимшек: Отстранувањето од сивата листа на ФАТФ ќе го забрза приливот на ресурси во Туркије

Следно

Како Марин Ле Пен направи „детокс“ на партијата на татко ѝ

Latest from Blog

Пресврт во случајот „Пулс“: Лиценцата од 2012 е издадена за друг објект, покажуваат доказите

На денешното рочиште за случајот „Пулс“, Јавното обвинителство продолжи со изведување на докази кои се однесуваат на постапките во Министерството за економија и Државниот пазарен инспекторат. Пред судот беа презентирани записници, барања,

Битола добива нов паркинг: Почнуваат работите на „Овчи пазар“

Од понеделник, 29 јуни 2026 година, ќе започнат подготвителните активности за изградба на паркинг просторот „Овчи пазар“, информира изведувачот на градежните работи. Проектот опфаќа изведба на коловоз, атмосферска канализација, улично осветлување и

СЛУЧАЈНОСТ ИЛИ НЕШТО ПООПАСНО? Силни потреси во три различни делови од светот

Три силни земјотреси во ист ден ги погодија Јапонија, Венецуела и американската сојузна држава Калифорнија, предизвикувајќи загриженост и прашања дали овие настани се меѓусебно поврзани, пишува CNN. Во Јапонија беше регистриран земјотрес
Go toTop