Како Марин Ле Пен направи „детокс“ на партијата на татко ѝ

July 1, 2024
2 mins read

По триумфалните резултати на европските избори, а сега и после извонредниот скор во првиот круг од француските парламентарни избори, партијата на Ле Пен е на пат на Макрон дефинитивно да му ја огади неговата сопствена одлука да распише предвремени избори.

Сегашниот лидер на Националниот собир, Жордeн Бардела, би можел да стане најмладиот премиер во историјата на Франција. Доколку тоа се случи, тоа ќе биде еден од најголемите пресврти на политичката сцена во Европа.

Кога Национален фронт беше основан во 1972 година од Жан-Мари Ле Пен, тоа беше збирштина од различни елементи и отпадници од главните струи. Во текот на осумдесеттите, екстремно десничарската партија стана страшило на француската политика. Кога стигна до вториот круг од претседателските избори во 2002 година, тоа се доживуваше како потенцијална катастрофа за нацијата, но партијата никогаш не беше во можност да го преземе управувањето бидејќи се работеше за токсичен, радиоактивен бренд со кој никој не сака да си има работа.

Иако таквото наследство не може целосно да се избрише, ѕверот кој го одгледа Марин, ќерката на Жан-Мари, повеќе не е радикална бабарога од маргините на француската политика.

Ле Пен помина 15 години во „детоксикација“ на својата партија, чистење од нејзините поекстремни членови, менување на нејзиното име, па дури и по некој разменет удар со нејзиниот татко во меѓувреме.

Денес, неверојатни 92% од Евреите веруваат дека левичарската партија на Жан-Лук Меланшон придонесува за порастот на антисемитизмот, во споредба со само 49% кои тоа го сметаат за Националниот собир.

Марин ги избруси сите груби делови од партијата. Своевремено ја нарекуваа „Маријана од Фрегзит“ бидејќи беше за следење на англискиот пример за раскинување со ЕУ. Денес строго внимава да не каже нешто што би се толкувало како агресивен евроскептицизам. Денес таа е како Џорџа Мелони од Италија: поборничка за национализам во ЕУ, наместо национализам во рамките на една земја.

Марин Ле Пен ги ублажи и своите критики кон НАТО, а руската инвазија ја вакцинираше партијата од нејзините претходни знаци на путинофилија. Национален собир можеби не е најголемиот поддржувач на Киев, меѓутоа не се спротивстави на повеќето француски пакети за помош на Украина.

Дури и за имиграцијата, најрадикалната платформа на Национален собир, навлегува духот на умереноста па ова прашање се рангира само како „трета итна ситуација“, зад трошоците за живот и безбедноста.

Кога пред две години 89 луѓе од НС беа избрани за пратеници, Ле Пен им наложи да стават вратоврски и да престанат да се однесуваат како маргинални активисти. Тие послушаа и почнаа тактички да гласаат и со левицата и со макронистите за различни прашања. Во нивната прва година на пратеничката функција, пратениците на Ле Пен поддржаа околу половина од нацрт-законите на Макронистите, но ја поддржаа и  Левицата против цензурата.

Како резултат на сето тоа, почнаа да изгледаат како сериозни политичари а партијата како нормална партија, ослободена од стигмата дека нормален човек би гласал за кого било, само не за нив.

Со своите 17 милиони следбеници на ТикТок, Бардела сега се рангира како втор најпопуларен политичар во Франција. Прв не е Макрон туку градоначалникот на приморскиот Ле Авр во Нормандија.

Но, иако партијата веќе не е составена од хардкор евроскептици, тие внатре сигурно во меѓувреме не се станати евроентузијасти па дури и со умерена платформа, би можела да создаде бури во Брисел, особено околу буџетот и долгот.

Меѓутоа, тоа веќе не е партија од која се затвора нос. 

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Гир: Нема репреговарање на преговарачката рамка

Следно

Потегот на шпанските репрезентативци по натпреварот со Грузија е хит (ВИДЕО)

Latest from Blog

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт
Go toTop