Германската војска отпуштила 62 војници поради врски со екстремната десница

December 4, 2024
1 min read

Германските вооружени сили минатата година отпуштиле 62 војници поради активности и изјави поврзани со екстремната десница, соопштија денеска официјални лица, пренесува Анадолија.

Меѓу отпуштените се 41 војник, 11 подофицери и 10 офицери, стои во извештајот на Министерството за одбрана на Германија.

Исто така, армијата одбила 94 кандидати за време на регрутирањето поради сомнежи за нивната посветеност кон германскиот демократски Устав.

Извештајот на Министерството документира 205 инциденти кои вклучуваат екстремно десничарско, расистичко или антисемитско однесување во 2023 година. Некои случаи вклучуваат војници кои давале екстремистички изјави или изразувале поддршка за Рајхсбургер (Reichsburger), десничарско движење кое го негира легитимитетот на Сојузната Република Германија.

Овие откритија доаѓаат во услови на зголемена загриженост за влијанието на екстремната десница во германските безбедносни сили. Последниве години, властите распуштија елитна полициска единица и гонеа повеќе активни и пензионирани воени лица поради планирање напади, складирање оружје и врски со екстремистички мрежи.

Пред две години, десетици екстремисти, вклучувајќи го и германскиот аристократ Хајнрих Реус, беа уапсени под обвиненија за планирање државен удар. Осомничените, меѓу кои имало и поранешни полицајци, војници и резервисти, се обвинети за планирање сензационални акции како упади во германскиот парламент и киднапирање политичари со цел да предизвикаат состојба налик на граѓанска војна и на крај да ја соборат владата. 

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Одговорни институции преку зголемена транспарентност и политичка комуникација

Следно

Јаневска: Светска банка препознава дека образованието е владин приоритет и ќе продолжи да помага во неговиот развој

Latest from Blog

Антонели казнет за судирот со Верстапен

Возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, беше казнет со три места на стартната линија во Силверстоун поради судирот со Макс Верстапен денес. Италијанскиот пилот на Мерцедес го удри Макс во првиот круг

Илјадници луѓе протестираат пред Палатата на правдата во Белград

Протест се одржува доцна попладнево во Белград пред Високото јавно обвинителство (ВЈТ) поради апсење студенти. Сообраќајот е блокиран и во близина на Автокоманда, и населбите Земун и Вождовац и попречено е одвивањето

Гитенс ќе се приклучи на Челси откако е постигнат принципиелен договор со Борусија Дортмунд

Крилниот напаѓач Џејми Бејну-Гитенс ќе се приклучи на Челси откако е постигнат принципиелен договор со сегашниот клуб Борусија Дортмунд. Бундеслигашот ја потврди веста од нивниот камп во Флорида. Тој ќе им се

Тешка сообраќајна несреќа во Грција: Загинаа татко и син во судир со камион управуван од Македонец

Во сообраќајка во која учествувале камион управуван од Македонец и автомобил со четиричлено семејство од Грција, возачот на автомобилот починал на самото место, а неговиот син подоцна им подлегнал на повредите. Мајката
Go toTop