Германската министерка за одбрана поднесе оставка поради војната во Украина

January 16, 2023
1 min read

Министерката во изјавата побарала од канцеларот Олаф Шолц (СПД) да ја разреши од оваа функција

Германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт поднесе оставка по критиките за одговорот на Германија на руско-украинската војна.

Како што јавуваат агенциите, министерката во изјавата побарала од канцеларот Олаф Шолц (СПД) да ја разреши од оваа функција. Овој потег доаѓа по многу критикуваната новогодишна порака што таа ја објави на социјалните мрежи.

Во изјавата таа вели дека поради конфликтот во Украина имала „многу посебни искуства“ и дека војната ѝ дала можност за „многу средби со големи и интересни луѓе“. Германскиот дневен весник „Тагесшпигел“ напиша жесток коментар со наслов „Ламбрехт повеќе не може да биде министер“, наведувајќи дека за време на својот говор политичарката ја прикажала војната како „возбудливо професионално искуство“.

Германскиот „Билд“ за нејзиниот говор напиша дека нејзината порака ја посрамоти Германија. „Тагесшпигел“ изјави дека ова обраќање, ако се погледне контекстот на војната во Украина, е „непримерно и срамно“.

Ламбрехт го објасни своето заминување на следниов начин: „Месеците во кои медиумите се фокусираат на мојата личност едвај дозволуваат фактичко известување и дискусија за војниците и безбедносните политички одлуки во интерес на граѓаните на Германија“.

Во соопштението за печатот потпишано од Ламбрехт се наведува и дека прв приоритет мора да биде напорната работа на воениот персонал и војниците, како и бројните мотивирани луѓе на деловното поле.

„Затоа решив да ја ставам на располагање мојата позиција“,

заклучува германската министерка за одбрана.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Анчелоти: Не е понижувачки да се загуби од Барселона

Следно

ФОТО: Прва фотографија од апсењето на шефот на Коза Ностра

Latest from Blog

Студенти од Машински факултет и ФЕИТ создадоа иновативен уред за рециклирање отпад

Младиот студент – истражувач Матеј Милосиевски од студиската програма Мехатроника на Машинскиот факултет (МФС) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, заедно со неговиот колега Андреја Поповиќ од Факултетот за електротехника

Изгласана недоверба на владата на францускиот премиер Берние

На малцинската влада на францускиот премиер Мишел Барние вечерва и беше изгласана недоверба во Долниот дом на француското Национално собрание  со гласовите на пратениците на екстремната левица и екстремната десница, јави ДПА.

Партија на пензионери: Категорично е против за зголемување на прагот за пензионирање

Партијата на пензионери категорично е против и не ја прифаќа иницијативата за зголемување на прагот за пензионирање, кој сега изнесува 64 години живот. За Партијата на пензионери, исто така, се неприфатливи и

Првата дама на Туркије во Анкара ја прими сопругата на јапонскиот престолонаследник

АНКАРА (АА) – Првата дама на Туркије, Емине Ердоган, денес ја прими јапонската принцеза, сопругата на престолонаследникот на Јапонија, која е во официјална посета на Анкара по повод 100-годишнината од јапонско-турските односи,
Go toTop