Германија: Внимателно ги следиме случувањата на Голанската висорамнина

December 9, 2024
1 min read

БЕРЛИН (АА) – Германија внимателно ги следи случувањата во врска со тампон зоната на Голанската висорамнина, која беше окупирана од израелската армија под изговор за последните случувања во Сирија, јавува Анадолу.

По соборувањето на Башар ал Асад во Сирија, Израел окупираше тампон зона во Голанската висорамнина, а има информации дека израелската армија ја преминала областа и навлегла на сириска територија.

Заменик-портпаролката на германската влада Кристијане Хофман одговараше на прашање на новинарите на АА во Берлин дали овој чекор е спротивен на меѓународното право и дали мисли дека Израел случувањата во Сирија ги гледа како изговор за натамошна окупација.

„Се разбира, внимателно го следиме овој развој на настаните и го земаме предвид“, рече Хофман.

Таа изјави дека начелно германската влада во минатото ги повикала сите сили да ги намалат тензиите и дека тоа се уште го прави.

Портпаролот на германското Министерство за надворешни работи Себастијан Фишер изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера на новинарите им рекол дека Израел е заинтересиран да се брани од потенцијални закани во сложена ситуација и дека влегувањето на израелската армија во регионот е привремено.

Одговарајќи на прашањето кој е сопственик на Голанската висорамнина и дали германската влада бара повлекување на Израел од окупираната сириска територија, Фишер рече:

„Голанската висорамнина беше окупирана од Израел во 1967 година и анектирана во 1981 година. Германија не ја признава оваа анексија. Според меѓународното право, областа анектирана и контролирана од Израел ѝ припаѓа на Сирија“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Скопје со полупразни улици во продолжениот викенд

Следно

Дел од жителите на Волково реагираат што немаат атмосферска канализација

Latest from Blog

Пет конфискувани станови на Груевски и земјиште на Мијалков излегуваат на пазар за речиси 3,5 милиони евра

Агенцијата за управување со одземен имот отвори наддавање за луксузното портфолио на поранешниот премиер Никола Груевски: три станови на Водно по 200 m² со панорамски тераси се ценети по 850 000 евра,

Џамијата Ал-Бар од отоманската ера во Јафа стои како симбол на трајно наследство

СКОПЈЕ (АА) – Џамијата Ал-Бар, позната на Палестинците како Арус ал-Бар (Невеста на морето), останува едно од најистакнатите архитектонски наследства на Отоманската империја во крајбрежниот град Јафа, известува Анадолу. Изградена за време
Go toTop