Германец стана петтиот пациент излечен од ХИВ

February 20, 2023
1 min read

Тој бил излекуван со трансплантација на матични клетки

Научниците објавија дека 53-годишен маж од германскиот град Дизелдорф се излекувал од ХИВ. Деталите за случајот ги претстави докторот Бјорн-Ерик Оле Јенсен во списанието „Нејчр Медисин“.

Мажот во публикацијата го нарекуваат „пациентот од Дизелдорф“ со цел да се заштити неговиот идентитет и тој е петтиот пациент кој се излечил од овој вирус.

Иако деталите за неговиот успешен третман првпат беа објавени на конференција во 2019 година, научниците тогаш не можеа да потврдат дека тој и официјално е излекуван.

Денеска објавија дека пациентот повеќе нема видлив вирус во телото дури и откако престанал да ги зема лековите против ХИВ пред четири години.

„Тоа е навистина лек, а не само долготрајна ремисија. Овој случај ни дава надеж, но има уште многу работа пред нас“,

вели докторот Јенсен.

Пациентот од Дизелдорф е дел од мала група луѓе кои се излекувани во екстремни околности со трансплантација на матични клетки, која вообичаено се применува само кај пациенти заболени од рак.

Трансплантацијата на матични клетки е процес од висок ризик кој го заменува имунолошкиот систем кај пациентот. Примарната цел на овој третман е пациентот да се излекува од рак, но во неколку случаи доведе и до излекување од ХИВ. Со оглед дека станува збор за комплицирана процедура, таа и не може да се понуди како лек кај сите пациенти заболени со ХИВ.

Првото лице излекувано до ХИВ беше регистрирано во 2009 година, а во јавноста беше објавен како „берлински пациент“. Потоа, во 2019 следуваше лондонскиот пациент, а пред околу една година ХИВ-от го победија пациент од Њујорк и пациент од Калифорнија.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Уништени околу 1.400 килограми дрога и 270 парчиња оружје запленети минатата година

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Секогаш кога ДУИ се фатени во криминал или им е загрозена власта, ги злоупотребуваат Албанците или се закануваат со војна

Latest from Blog

Ѓорѓиевски претстави проект за младите: мобилност, култура и заштеда со „SKOPJE CITY GO“

Градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го презентира новиот проект „SKOPJE CITY GO“, наменет за младите и сите граѓани на Скопје. „SKOPJE CITY GO“ е

ВРЕДИ: ДУИ пред избори зборува за чист воздух, додека 20 години го труеше народот

Коалицијата Вреди остро ја обвини ДУИ дека две децении наназад го разнебитувала системот и ги оставила граѓаните да живеат во корупција и загадување. „ДУИ, која две децении по ред ги труеше граѓаните
Go toTop