Герасимовски: Центар чекори кон енергетска независност

February 23, 2023
1 min read

На вчера одржаната 20-та седница на Советот на Општина Центар, на предлог на градоначалникот, Горан Герасимовски, советниците ја донесоа Одлуката за основање трговско друштво за производство и продажба на електрична енергија од обновливи извори, или со скратен назив, „Енергија Центар“.

Со реализацијата на овој проект, општината ќе биде електроенергетски независна и самоодржлива и во нејзиниот развој ќе се користат природните ресурси и потенцијали. Како резултат на енергетската криза со која се соочуваме и недостигот на средства и соодветни регулативи за имплементација на нови решенија, се појави потреба за вложување и реализација на капацитети за обновливи извори на енергија. По спроведените анализи, од сите обновливи извори на енергија, сонцето претставува огромен потенцијал за енергетскиот сектор, особено имајќи го предвид фактот дека во нашата земја има 280 сончеви денови годишно, односно 1500 сончеви часови на годишно ниво, појаснуваат од општината. 

„Имајќи ја предвид севкупната економска состојба и идејата за унапредување на квалитетот на живеење и придонесување кон поздрава животна средина, ние, како општина, повторно успеавме да им излеземе во пресрет на нашите граѓани. Ова е голем предизвик, но токму такви се и придобивките. Благодарение на стручната анализа за економската оправданост за формирање на ова претпријатие, која ја изработи Фондацијата „Фридрих Еберт“, ќе успееме да ги неутрализираме ценовните шокови. Навистина сум горд што Општина Центар го носи духот на иновациите и примената на најефикасните технологии“, изјави Градоначалникот Горан Герасимовски.

Со формирањето на трговското друштво се овозможува и олеснува процедурата и постапката за инсталирање на поголеми фотоволтаични системи на јавните објекти, односно основни училишта, детски градинки, урбани заедници и други објекти под надлежност на општината. На овој начин, со формирање на јавно претпријатие за производство и продажба на струја, Општина Центар го презема првиот чекор кон енергетска независност и ќе се промовира како првата енергетски независна општина во Република Северна Македонија. Трговското друштво за производство и продажба на електрична енергија од обновливи извори на Општина Центар ќе врши дејности врз основа на лиценца издадена од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, велат надлежните од оваа скопска општина. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Времето денеска: Сончево, кон крајот на денот слаб дожд

Следно

Голема снежна бура во САД: Температури до -45 Целзиусови степени, затворени фирми и училишта

Latest from Blog

Четири активни пожари низ Македонија

До пладне, во државата се регистрирани вкупно 14 пожари на отворено. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека четири од нив се уште се активни – во општина Дојран, кај селото

Ѓоковиќ: Ова не е крај за мене на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ даде интервју за новинарите, во кое кажа кои мисли дека се причините за неговиот пораз од Јаник Синер денес. “Реалноста ме стигна во последните година и половина како никогаш досега…

Хелсиншкиот комитет бара истрага за полицајците што не го спречиле нападот врз градоначалничката Арсовска

Хелсиншкиот комитет за човекови права најостро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, што се случи денеска на Бит Пазар за време на службен увид во

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја
Go toTop