Герапетритис: ЕУ перспективата на Западен Балкан е важна за консолидација на мирот и просперитетот во регионот

October 14, 2024
1 min read

Во време на две војни кои го загрозуваат нашиот регион, кои ја загрозуваат глобалната безбедност, европскиот пат на Западен Балкан е важен за да може во нашиот регион да се консолидира мир и просперитет, да избегнеме национализми, да зацртаме курс кој ќе биде компатибилен со Европа, порача министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Герапетритис по неговото учество на Самитот на Берлинскиот процес за Западен Балкан, јави дописничката на МИА од Атина.

Шефот на грчката дипломатија уште еднаш ја повтори позицијата на земјата за ЕУ перспективата на регионот, позиција, како што рече, одредена пред дваесет години со Солунската агенда од 2003 година, кога „Грција беше пионер во интеграцијата на Западен Балкан во европското семејство“.

-Ова треба да се направи со целосно почитување на европското законодавство, со целосно почитување на меѓународното право, со целосно почитување на принципите на демократијата и владеењето на правото. А ние ќе бидеме тие кои ќе го забрзаме овој процес, секогаш под услов да се почитуваат основните принципи на Европската Унија, за нашиот регион да ги има мирот и просперитетот што се потребни во овие тешки времиња, истакна Герапетритис.

На маргините на Самитот на Берлинскиот процес, како што претходно објави МИА, шефот на грчката дипломатија имаше куси средби, меѓу кои и со премиерот Христијан Мицкоски и со неговиот македонски колега Тимчо Муцунски, според фотографиите на платформата Икс од Министерството за надворешни работи на Грција. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Четворица израелски војници загинаа во напад со беспилотно летало на Хезболах

Следно

Ирина Трајкоска Стрезоски избрана за директорка на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“

Latest from Blog

По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на 324 килограми марихуана

Предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривична пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи, донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице.

ПРОДОЛЖУВА ПОСТАВУВАЊЕТО НА БАТЕРИСКИ СИСТЕМИ – КЛУЧЕН ЧЕКОР ВО ЕНЕРГЕТСКАТА ТРАНЗИЦИЈА

ФЕРОИНВЕСТ продолжува со поставување батериски системи на фотонапонски електрани, помагајќи им на електраните да го издржат прекумерното производство на електрична енергија преку ден, и да ги заштити нив од ниски цени и
Go toTop