Герапетритис: Договорот од Преспа не предвидува еднострано менување или поништување

May 26, 2024
1 min read

Договорот од Преспа ќе го почитуваме и ќе се грижиме за негово верно почитување, не само затоа што државата има континуитет, туку и затоа што е очигледно дека е ратификуван договор и не постои можност да го измениме еднострано, па она што мораме да го сториме е да сме сигурни дека другата страна доследно го спроведува, рече министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис во интервјуто за грчката телевизија „Скај“.

Герапетритис посочи дека Грција го следи почитувањето на Договорот од Преспа, но и истакна дека во самиот текст не е предвидено ниту еднострано да се смени, ниту да се поништи, објаснувајќи ги главните карактеристики на Договорот.

-Прво и основно е дека станува збор за меѓународен договор што беше ратификуван од двата Парламенти и ова значи дека во моментов не може да биде еднострано изменет од ниедна страна. Дури и да постои волја од Северна Македонија или Грција за еднострано да го изменат Договорот, тоа не може да се направи. Второ, Договорот од Преспа беше под покровителство на ОН, присуствуваше претставник на Организацијата на Обединетите нации и ова му дава поголема меѓународна сила. Трето, постои процес предвиден во Договорот од Преспа, што претставува процедура при прекршување. Не е предвидена можност за еднострано поништување, појасни шефот на грчката дипломатија.

За решавањето на евентуалните спорови, објасни дека предвидено е покренување процес „со испраќање допис до страната што го прекршила Договорот, можна е, но не и неопходна употреба на добрите услуги на генералниот секретар на ОН и на крај одлука на Меѓународниот суд“.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

За сексуално злоставување малолетнички од страна на вероучител во Турција бараат затвор до 135 години

Следно

Зошто уште му веруваме на златото?

Latest from Blog

Трамп ќе побара од европските земји да ослободат дел од своите резерви на дизел

Коментарот на американскиот претседател уследи откако министерот за финансии Скот Бесент ја повика Европа да се подготви за итно ослободување на залихите на дизел, тврдејќи дека американските земјоделци, возачи на камиони и

Сè помалку рудари во Македонија: вработеноста во секторот паднала за 8%, производството за 10,1% Бројот на вработени

Бројот на вработени во рударскиот сектор во Македонија бележи значително намалување, паралелно со падот на производството. Според податоците на Државниот завод за статистика, во август 2026 година бројот на работници во секторот
Go toTop