Гази Баба ќе донира за настраданите во Турција и Сирија

February 6, 2023
1 min read

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски, поднесе иницијатива за оддржување на итна седница на Советот на општина Гази Баба со цел донесување Одлука за определување на финансиска помош за настраданите во земјотресот кој денес ги погоди Турција и Сирија.

– Општина Гази Баба со финансиска помош за настраданото население од земјотресот во Турција и Сирија. Како градоначалник на општина Гази Баба, поднесов иницијатива за свикување на седница на Советот на општина Гази Баба со цел донесување на Одлука за определување на финансиска помош за настраданите од силниот земјотрес кој денес ги погоди Турција и Сирија.

Општина Гази Баба е збратимена со општина Газиантеп, Република Турција која е најпогодена од земјотресот во Турција. Во ова тешко време за турскиот народ со кои општина Гази Баба има одлична соработка уште од 2013 година, солидарноста и хуманоста се оние кои ме водеа при покренување на оваа иницијатива.

Не е далеку 2016 година, кога токму нашата општина беше погодена од силно невреме кое зад себе остави човечки жртви и голема материјална штета. Тогаш за нас се обединија во хуманоста многу општини, градови и држави.

Гази Баба не заборава. Гази Баба помага, – напшиша Стефковски.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Започна дводневниот штрајк на медицинските сестри и техничари во Велика Британија

Следно

Сведоштва на преживеани од двата земјотреса во Турција: Мислевме дека се случува апокалипса

Latest from Blog

Тилеманс и Лукаку ја “решија“ Хрватска!

ФОТО:.facebook.com/cff.hns/ Вечерва во Ријека, во пријателски натпревар, Хрватска беше поразена од Белгија со 0:2. Стрелци на головите беа Тилеманс во 38.минута и Лукаку во 90+6.минута. Ова беше и за двете селекции претпоследна

Пациентите не се борат само со ракот, туку и со осаменоста

Онколошките пациенти секојдневно водат битка со тешка болест, но многумина од нив паралелно се соочуваат и со осаменост, сиромаштија и недостаток на поддршка од најблиските. На ова предупредува медицинска сестра од Клиниката

Координативен состанок во Министерството за енергетика: во фокус дигитализацијата и кадровското зајакнување

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини одржа координативен состанок со претставници на Државниот инспекторат за енергетика, рударство и минерални суровини, Агенцијата за задолжителни нафтени резерви (МАКОРА), „Нафтовод“ ДООЕЛ – Скопје, Бирото за метрологија и Геолошкиот

Доменико Тедеско е новиот тренер на Болоња

Како замена за Винченцо Италијано, тимот на Болоња, за нов тренер го постави 40.годишниот Доменико Тедеско. Тој потпиша договор денеска кој што е со траење до 2028 година, и од него се
Go toTop