Пациентите не се борат само со ракот, туку и со осаменоста

June 2, 2026
1 min read

Онколошките пациенти секојдневно водат битка со тешка болест, но многумина од нив паралелно се соочуваат и со осаменост, сиромаштија и недостаток на поддршка од најблиските. На ова предупредува медицинска сестра од Клиниката за онкологија, која преку емотивна објава на социјалните мрежи ја отвори темата за предизвиците со кои се соочуваат пациентите надвор од болничките соби.

„Онколошките пациенти не водат битка само против болеста. Тие многу често се борат и со сиромаштијата, со осаменоста и со недостигот од поддршка од оние од кои најмногу очекуваат“, пишува таа.

Во својата објава посочува дека низ годините работа сведочела на бројни човечки приказни во кои пациентите, покрај лекувањето, се соочувале и со тешки животни околности. Дел од нив размислувале како да обезбедат пари за лекување, превоз или основни животни потреби, додека други останувале сами во најтешките моменти од животот.

„Има пациенти што доаѓаат сами. Има пациенти што со поглед кажуваат повеќе од сите зборови – дека дома нема кој да ги праша како се, нема кој да ги држи за рака и да им каже: ‘Ќе помине, тука сум’“, наведува медицинската сестра.

Таа предупредува дека јавноста најчесто зборува за онколошките пациенти преку бројки, статистики и терапии, а многу поретко за нивната емотивна и социјална борба. Според неа, ретко се зборува за луѓето кои покрај дијагнозата се соочуваат и со напуштеност, неразбирање и недостаток од поддршка токму тогаш кога им е најпотребна.

„Сиромаштијата и болеста се сурова комбинација. Кога на една дијагноза ќе се додаде и немањето основни услови за живот, тогаш пациентот не ја губи само физичката сила – ја губи и вербата дека некој го гледа, го слуша и го разбира“, пишува таа.

Во пораката упатува повик за повеќе човечност, разбирање и присуство покрај луѓето кои се соочуваат со тешки болести.

„Онколошките пациенти не бараат сожалување. Тие бараат достоинство, разбирање и поддршка. Бараат да не бидат оставени сами додека ја водат најтешката борба во животот“, порачува медицинската сестра.

Објавата предизвика силни реакции кај граѓаните, меѓу кои и членови на семејства на онколошки пациенти, но и лица кои лично го поминале процесот на лекување. Во коментарите, многумина упатија благодарност до медицинскиот персонал на Клиниката за онкологија, нагласувајќи дека токму медицинските сестри и лекарите често се единствената утеха за пациентите во најтешките моменти. Дел од нив потсетија и на секојдневните предизвици со кои се соочуваат пациентите што патуваат од другите градови, чекаат со часови за терапија и се борат не само со болеста, туку и со чувството на осаменост и неизвесност.

„Најтешката битка не е секогаш против болеста, туку против осаменоста“, гласи еден од коментарите што доби најголема поддршка, додека други порачаа дека љубовта, присуството и поддршката од семејството често се исто толку важни колку и самата терапија. Многумина ја искористија можноста да им оддадат признание на медицинските сестри и лекарите, опишувајќи ги како „светилници“ и луѓе кои секојдневно им помагаат на пациентите да ја задржат надежта и достоинството во најтешките животни моменти.

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Координативен состанок во Министерството за енергетика: во фокус дигитализацијата и кадровското зајакнување

Следно

Трамп: Разговорите со Иран се во тек, не се знае како ќе завршат

Latest from Blog

Четиринаесет Американци поради ебола завршиле во карантин во воена база: Тоа не е легално

Патниците, кои се вратиле по копнен пат преку Канада, немале симптоми на болеста и не се сметало дека претставуваат ризик од ширење на болеста, според интерни документи и потврди од две лица

Министерот Велковски се сретна со постојаната координаторка на Обединетите нации, Рита Колумбија

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денеска оствари средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во Република Северна Македонија, Рита Колумбија. Во фокусот на разговорите беа демографските политики, младите

Изрешетан автобус со аргентински навивачи: Еден фан е застрелан во раката (ВИДЕО)

Враќањето на навивачите на аргентинскиот клуб Тигре од натпреварот во Копа Судамерикана во Уругвај беше одбележано со вооружен напад врз нивниот автобус, при што беше ранет 57-годишен маж. Инцидентот се случил кратко

На американски политичар му ја вандализирале куќата, по што ја сменил одлуката и гласал САД да не му дадат помош на Израел

Смит, пратеник од Вашингтон и врвен демократ во Комитетот за вооружени сили на Претставничкиот дом, откри дека гласал за намалување на американската воена помош за Израел. Како причина, тој ги наведе насилството

Скопје доби биста на Махатма Ганди: Кој бил човекот што ја предизвика империјата без оружје?

Скопје доби биста на Махатма Ганди, подарок од Индија и нов симбол на пријателството меѓу двете земји. Спомен-бистата беше откриена во Музејот на Град Скопје од претседателките Гордана Сиљановска-Давкова и Друпади Мурму,
Go toTop