Координативен состанок во Министерството за енергетика: во фокус дигитализацијата и кадровското зајакнување

June 2, 2026
1 min read

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини одржа координативен состанок со претставници на Државниот инспекторат за енергетика, рударство и минерални суровини, Агенцијата за задолжителни нафтени резерви (МАКОРА), „Нафтовод“ ДООЕЛ – Скопје, Бирото за метрологија и Геолошкиот завод на Република Македонија.

На состанокот беа разгледани тековните активности и приоритети на институциите, со акцент на кадровското зајакнување, дигитализацијата на процесите и подобрувањето на ефикасноста во работењето.

Се разговараше и за иницијативата за заштита на македонскиот рубин како национално богатство, активностите за задолжителните нафтени резерви, како и за повторното ставање во функција на продуктоводот Скопје – Солун.

Беше заклучено да продолжат активностите за дигитализација, да се подготви преглед на реализираните активности во изминатиот период и да се разгледаат можностите за дополнително кадровско зајакнување на институциите.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Доменико Тедеско е новиот тренер на Болоња

Следно

Пациентите не се борат само со ракот, туку и со осаменоста

Latest from Blog

ВИТКОФ И КУШНЕР МУ ПРЕДАДОА НА ПУТИН документ за крај на конфликтот во Украина – Трвди КРЕМЉ

Специјалните пратеници на американскиот претседател, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, за време на разговорот со претседателот на Русија, Владимир Путин, разговараа за можните решенија за украинскиот судир, изјави претставникот на Кремљ, Јуриј

Николоски: Старата чаршија во Гевгелија повторно блеска

Старата чаршија во Гевгелија добива нов лик, а вечерната атмосфера дополнително го истакнува нејзиниот обновен изглед. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, порача дека реализацијата на проектот е резултат
Go toTop