Газа: Во изминатите 24 часа уште 32 Палестинци загинаа во израелските напади, билансот порасна на 34.388

April 27, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Најмалку уште 32 Палестинци загинаа, а 69 се повредени во последните 24 часа во израелските напади врз опколениот Појас Газа, соопшти денес Министерството за здравство во Газа, јавува Анадолу.

„Израелската окупација (сили) изврши четири масакри врз семејства во Појасот Газа во текот на изминатите 24 часа, оставајќи 32 загинати и 69 повредени“, истакна Министерството.

„Многу тела сѐ уште се под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да дојдат до нив“, се додава.

Непочитувајќи ја привремената пресуда на Меѓународниот суд на правдата, Израел ја продолжува офанзивата врз Појасот Газа, каде што според палестинските здравствени власти, од 7 октомври досега загинати се најмалку 34.388 Палестинци, главно жени и деца, а 77.437 се повредени.

Израел започна напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас, во кој Тел Авив вели дека загинале речиси 1.200 луѓе.

Израелската офанзива во Газа принуди 85 отсто од населението внатрешно да се расели, предизвика акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена, покажуваат податоците на Обединетите нации (ОН).

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки со кои ќе гарантира декa хуманитарната помош ќе стигне до цивилите во Газа.

Но, нападите продолжија со несмалено темпо, а испораката на помош и понатаму е недоволна за да се реши хуманитарната катастрофа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Следно

Турската војска неутрализира тројца терористи на ПКК/ЈПГ во северна Сирија

Latest from Blog

Калас за ТВ21 од Тирана: Не е во ред билатералните прашања да ја кочат Северна Македонија во пристапувањето кон ЕУ

Екипа на ТВ21 е во Тирана на Самитот на Европската политичка заедница (ЕПЗ). Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ пред Самитот за ТВ21 кажа за Македонија на пристапниот пат

Со Државниот рецитаторски натпревар почнува второто издание на Деновите на поезијата 

Утре, сабота 17 мај, со почеток во 9:30, Државниот рецитаторски натпревар на ученици од основното и средното образование од целата земја ќе го означи почетокот на второто издание на Деновите на поезијата,

Пад на домашниот пазар ја забави индустријата – растот на прометот во март изнесува само 1,8%

Вкупниот промет во индустријата во март 2025 година бележи умерен раст од 1,8% споредено со март лани, соопшти Државниот завод за статистика. Иако вкупниот резултат е позитивен, падот на прометот на домашниот

Обдукцискиот наод за пациентот Ведат Адеми доставен до кумановското Обвинителство

Институтот за судска медицина до Основното јавно обвинителство Куманово го достави обдукцискиот наод за починатиот Ведат Адеми, соопшти денеска Јавното обвинителство. Оттаму посочуваат дека наодот се разгледува во корелација со други докази,

Во Истанбул започнаа разговорите на високо ниво меѓу САД, Украина и Турција

ИСТАНБУЛ (АА) – Трилатерален состанок на високо ниво меѓу делегациите на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Украина започна во Истанбул под водство на турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, јавува
Go toTop