Турската војска неутрализира тројца терористи на ПКК/ЈПГ во северна Сирија

1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турските безбедносни сили неутрализираа тројца терористи на ПКК/ЈПГ во северна Сирија, соопшти денес турското Министерство за национална одбрана, пренесува Анадолу.

„Тероризмот и терористите не се поштедени никаде! Нашите херојски Турски вооружени сили неутрализираа тројца терористи на ПКК/ЈПГ во зоната (на Операцијата) Штитот на Еуфрат во северна Сирија“, соопшти Министерството на Х.

Во својата речиси 40-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, којашто е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, вклучително деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.

Од 2016 година, Анкара започна три успешни антитерористички операции преку своите граници во северна Сирија за да спречи формирање на терористички коридор и да овозможи мирно враќање на жителите: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

Претходно

Газа: Во изминатите 24 часа уште 32 Палестинци загинаа во израелските напади, билансот порасна на 34.388

Следно

Сончево со мала до умерена облачност, следува период на релативно топло време

Latest from Blog