Газа: Пркосејќи им на тешкотиите, раселена Палестинка одгледува зеленчук покрај шаторот за да го прехрани семејството

November 14, 2024
1 min read

ХАН ЈУНИС (АА) – Раселена Палестинка создаде мала зеленчукова градина до нејзиниот шатор, одгледувајќи свежи намирници при предизвикувачки услови, јавува Анадолу.

Во градот Хан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа, Палестинката Зејна Јусеф Наџат создаде градина веднаш пред шаторот каде што се засолнети таа и нејзиното семејство.

За нив градината беше нешто задолжително, а не хоби.

„Во Газа нема живот или средства за егзистенција, сè е скапо и недостапно за луѓето“, рече Наџат.

Таа и нејзиното семејство беа принудени да го напуштат домот во Рафа поради израелските напади и да се засолнат во шатор во Бани Сухејла во подрачјето на Хан Јунис.

Поради растечките цени и ограничените залихи, тие одлучија да насадат зеленчук за да можат да ги задоволат потребите за храна.

Сега, благодарение на нејзината мала градина, таа може да обезбеди храна за своето семејство и за оние во околината.

„Ние ќе продолжиме да живееме и работиме овде, без разлика колку е тешко. Нашиот единствен извор на храна е она што го одгледуваме и јадеме од оваа земја“, рече таа, додавајќи дека основните потреби, како што се шеќерот и маслото, веќе станале луксуз.

Израел продолжи со разорната офанзива во Газа по нападот на палестинската група на отпор Хамас во октомври 2023 година, и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара итен прекин на огнот.

Според палестинските здравствени власти, оттогаш во Газа убиени се речиси 43.700 Палестинци, главно жени и деца, а над 103.000 се повредени.

Израел, исто така, се соочува со тужба за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонија е земја со една од најголемите преваленции на дијабетес во светот – околу 50 отсто од популацијата живее со зголемена телесна тежина и лоша исхрана

Следно

Преку 500 семејства живеат на раб на егзистенција во Охрид

Latest from Blog

Комерцијална банка и Македонијатурист со најголем неделен промет, МБИ10 со пад од 0,41%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 15 до 19 декември 2025 година, на Македонската берза беа реализирани 328 трансакции со вкупна

Поради маглата откажани и одложени летови, намалена видливост на дел од патиштата

Густата магла во скопската котлина како и вечерва предизвика  откажување и доцнења на летовите од Меѓународниот аердором Скопје, а намалена е видливоста и на дел од од патните правци. Според информациите од

Николоски: Македонија останува посветена на правата на турската заедница

Нема поблизок народ за македонскиот народ од турскиот, нема поблиска држава за Македонија од Туркије и горд сум што можам да кажам дека Македонија овозможува изучување на мајчиниот турски јазик на турската

Маинц и Сент Паули ги поделија бодовите

Во дуелот на двата тима кои сезонава ќе имаат огромни проблеми да обезбедат опстанок, Маинц и Сент Паули одиграа 0:0. Двата преостанати бодови од потенцијалната победа за било кој од двата тима
Go toTop