„Гардијан“: Урсула фон дер Лајен повторно ќе се кандидира за претседателка на Европската комисија

February 19, 2024
1 min read

Урсула фон дер Лајен денеска на состанокот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) во Берлин ќе соопшти дека планира да се кандидира за втор мандат како претседателка на Европската комисија, пишува британскиот весник „Гардијан“.

Шефицата на најмоќната институција во Брисел изминатава година не сакаше да го коментира ова прашање, но се чини дека сега донела одлука, коментира весникот.

Објавувањето на нејзината кандидатура за следните пет години ќе биде само првиот чекор во изборната битка, а се шпекулира дека кандидат за претседателската функција би можела да биде и естонската премиерка Каја Калас.

Откако Фон дер Лајен ќе ја добие номинацијата од ЦДУ, таа мора да добие и поддршка од другите две партии во рамките на Европската народна партија (ЕПП), централнодесничарската група во Европскиот парламент, во која се вклучени и владејачките партии во Грција, Ирска, Литванија и Шведска.

Сепак, сè ќе зависи најмногу од изборите за Европскиот парламент на почетокот на јуни, кога составот на парламентот ќе покаже кој ќе има најмногу шанси за функцијата претседател на Европската комисија, како и други водечки позиции во институциите на Европската Унија, заклучува „Гардијан“.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВО ЖИВО-Во Меѓународниот суд на правдата започнаa рочиштата за правните последици од израелската окупација на Палестина

Следно

Османи денеска во Виена, продолжува „турнејата“ по македонските конзуларни претставништва

Latest from Blog

САД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забрана

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредувањето на офанзивно оружје во вселената.

Меџити по пресудата во Хаг: Борбата за вистината продолжува

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, ја оцени како разочарувачка и длабоко неправедна денешната одлука на Хашкиот суд за поранешните лидери на ОВК. Меџити во својата реакција порача

Прометот на Македонската берза 2,9 милиони денари, МБИ10 во раст од 0,19 отсто

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 16.09.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.168,17 поени. Во однос
Go toTop