Габриел Ескобар утре доаѓа во посета на Скопје

August 23, 2023
1 min read

За време на престојот во Скопје, Ескобар ќе се сретне со претседателот Пендаровски и премиерот Ковачевски, а предвидена е средба и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски

Заменик-помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар, утре (четврток, 24 август 2023 г.) доаѓа во посета на Скопје. Ескобар ќе биде во земјава и в петок (25 август) за кога се предвидени најголем дел од средбите со неговите соговорници. Освен со државно-владиниот врв, Ескобар ќе се сретне и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Габриел Ескобар за време на една од неговите посети на Скопје

Посетата на Ескобар доаѓа по отпочнувањето на пленарната собраниска процедура за усвојување на уставните измени за внесување и на Бугарите во Уставот. Познато е дека дневниот ред беше усвоен со 70 гласа „за“ и дека по исцрпувањето на дискусијата за предлог-одлуката за пристапување кон измена на Уставот, претседателот на парламентот Талат Џафери го одложи гласањето до обезбедување двотретинско мнозинство.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ синоќа во Кичево изјави дека се прави стратегија како да се скрши ВМРО-ДПМНЕ за опозициски пратеници да гласаат за уставните измени.

Мицкоски во Кичево

„Денеска, додека го зборувам ова, ние сме соочени пред историски епохален предизвик. Денеска Европа, светот прават стратегија како да ја скршат ВМРО-ДПМНЕ и овие 44 да изгласаат предавнички уставни измени во парламентот скроени по бугарски диктат. Мора да се обединиме, да застанеме околу заедничката цел, а тоа е огромна победа на следните избори, силни реформи и Македонија онаква каква што сите ние си ја сакаме, и децата дома да ни останат“,

изјави Мицкоски во Кичево.

Неколку часа пред настапот на Мицкоски, американската амбасадорка Агелер повтори дека местото на Северна Македонија е во Европската Унија и дека сите политичари во земјата треба да работат на остварување на таа цел.

Амбасадорката на САД, Агелер

„Мислам дека просперитетот и безбедноста на оваа држава е во интеграцијата во Европа и се надевам дека политичарите од сите партии во оваа држава ќе работат за тоа. Границата кон Грција не потсетува на тешките одлуки кои оваа држава веќе ги направи. Препознавам дека и ова е тешко, но само ги охрабрувам граѓаните да им дадат до знаење на нивните политичари дека тие сакаат да бидат дел од ЕУ“,

изјави амбасадорката Агелер.

Во јули годинава Ескобар, во настапот пред Поткомитетот за надворешна политика на Конгресот на САД, изјави дека американската администрација работи со властите во Софија за Бугарија да не испорачува нови услови и барања откако Македонија ќе ги исполни своите обврски од постоечките договори.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Американското разузнавање ја прогласи контраофанзивата за пропадната

Следно

Вучиќ: Во Декларацијата од Атина не пишува Путин

Latest from Blog

19 годишна девојка итно хоспитализирана, братот (23) случајно ја застрелал додека и го покажувал пиштолот

Девојка (19) е ранета денес во пукотница што се случила во близина на Универзитетот во Нови Пазар, откако нејзиниот брат Д. А. (23) испукал куршум од пиштол и случајно ја погодил, јавува

Шукова најизвесно решение на Бихаќка за град Скопје, откако „извиси“ Ралев

Машко-женски дуел за главниот град откако „пукна „тиквата меѓу Венко Филипче и Мишко Ралев кој беше речиси извесно решение  на Бихаќка за трка во Скопје, според висок партиски функционер, речиси е извесно

Грција со рекорден туристички приход, но се соочува со предизвици од масовниот туризам

АТИНА (АА) – Туризмот и понатаму претставува клучен економски двигател во Грција, но земјата се соочува со растечки предизвици поврзани со масовниот и прекумерен туризам, вклучително зголемени кирии, притисок врз инфраструктурата и
Go toTop