Фудбалерите до 21 година убедливо поразени од Летонија

March 23, 2023
1 min read

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година загуби со 0:3 од Летонија во првиот натпревар од „Анталија куп 2023“. Селекцијата на Драган Канатларовски не го почна турнирот во Турција според желбите.

Летонците ги искористија грешките на Македонија во одбраната. Пред крајот на првото полувреме, Пузиревскис погоди за водство на противникот, а во вториот дел двоен стрелец за Летонија беше Рекис, во 69. и во 83.минута од мечот.

Младата репрезентација на Македонија до 21 година на „Анталија куп 2023“ ќе одигра уште два натпревари, против Финска на 25. март и против Словачка на 28.март.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЕБУ бара помош за спас на РТВ на БиХ

Следно

Борел: Секој обид договорот од Охрид да се доведе во прашање ќе биде залуден

Latest from Blog

АфД УБЕДЛИВО ВОДИ ВО НОВАТА АНКЕТА – Крајната десница станува сè посилна во Германија

Германската крајно десничарска партија Алтернатива за Германија (AfD) достигна нов максимум во потенцијалната поддршка од гласачите, според истражувањето на INSA објавено денес. Според анкетата, 35 проценти од испитаниците рекле дека можат да

Сулејмани: Со новиот закон за правична застапеност ги спречуваме злоупотребите – следуваат санкции за лажно етничко изјаснување

Заменикот министер за образование од коалицијата ВРЕДИ, Дритон Сулејмани, во гостувањето на емисијата „Топ Тема“ на Телма, најави дека новото законско решение за соодветна и правична застапеност конечно ќе стави крај на

Нова ликвидација во близина на Москва: Убиен уште еден руски генерал? (ВИДЕО)

Руските власти сè уште официјално не го објавија идентитетот на жртвата. Според каналот на Телеграм, Шот, мажот е 62-годишен, додека некои други извори одат чекор понатаму и шпекулираат дека жртвата е дури
Go toTop