Борел: Секој обид договорот од Охрид да се доведе во прашање ќе биде залуден

March 23, 2023
2 mins read

Шефот на европската дипломатија денеска пред почетокот на дводневниот самит на лидерите на земјите-членки на ЕУ рече дека Унијата внимателно ќе го следи спроведувањето на договорот и им дал, како што рече, совет на Белград и на Приштина да не покажуваат со прст едни кон други, туку да си ја вршат својата работа

Договорот од Охрид мора да се имплементира во целост, а Европската Унија внимателно ќе следи кој го спроведува договорот, а кој не, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел пред почетокот на дводневниот самит на лидерите на земјите-членки на Унија во Брисел, пренесува РТС. 

Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел: Фото: Архива

„Секој обид да се доведе во прашање договорот од Охрид ќе биде залуден. Договорот е прифатен, мора да се спроведе. Нема простор за бирање на делови од него кои ќе бидат имплементирани“,

рече Борел. 

Говорејќи во тој контекст тој нагласи дека договорот од Охрид е една целина и мора да биде имплементиран во целина.  

Шефот на европската дипломатија додаде дека ЕУ внимателно ќе го следи спроведувањето на договорот и им дал, како што рече, совет на Белград и на Приштина да не покажуваат со прст еден кон друг, туку да си ја вршат својата работа. 

Борел вечерва треба да ги извести шефовите на држави и влади на земјите-членки на ЕУ за постигнатите догвори во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина и планоиви 

Во заклучоците од самитот се очекува европските лидери да го поздрават договорот за Анексот за спроведување на договорот за нормализација на односите и да ги повикаат Белград и Приштина „експедитивно“ да го спроведат договорот. 

Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедност, Жозеп Борел, во саботата на 18 март по повеќе од 12 часа преговори во Охрид со српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти, дека двете страни постигнале согласност за Анексот за импелемнтација на Договорот за нормализација на односите меѓу Србија и Косово.  

„Имаме договор и согласност како да го направиме тоа. Косово и Србија се договорија за Анексот за имплементација на Договорот за патот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија. Договоривме кога, кој и како тоа да се реализира. Во рамките на анексот, страните се согласија да ги исполнат сите членови од договорот и да ги спроведат сите обврски без одлагање и со добра волја“,

рече Борел во саботата во Охрид. 

И Борел и заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар на почетокот на оваа недела во две одвоени прилики истакнаа дека договорот меѓу Србија и Косово постигнат во Охрид е правнообврзувачки за двете страни и покрај тоа што на тој документ нема потпис ниту од едната ниту од другата страна.  

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика изјави дека договорот меѓу Србија и Косово станал правнообврзувачки во моментот кога Европската унија излезе со соопштение. 

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Фудбалерите до 21 година убедливо поразени од Летонија

Следно

Мицкоски: Точно е дека има притисоци за уставни измени, но јас нема да попуштам ниту милиметар – ова не е инает, туку одбрана на државен интерес

Latest from Blog

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:
Go toTop