Сулејмани: Со новиот закон за правична застапеност ги спречуваме злоупотребите – следуваат санкции за лажно етничко изјаснување

June 9, 2026
1 min read

Заменикот министер за образование од коалицијата ВРЕДИ, Дритон Сулејмани, во гостувањето на емисијата „Топ Тема“ на Телма, најави дека новото законско решение за соодветна и правична застапеност конечно ќе стави крај на долгогодишните манипулации со етничката припадност при вработување во државната администрација.

Според Сулејмани, клучната разлика помеѓу досегашниот дигитален механизам, познат како „балансер“, и новото решение е во тоа што правичната застапеност сега се издигнува на ниво на закон.

„Оваа уставна категорија ја креваме од алатка во закон, што е голем и многу важен чекор за соодветната застапеност да го добие заслуженото место. Ова требаше да се уреди уште во 2003 година како дел од Охридскиот рамковен договор, но за жал, по цели две децении тоа не се случи. Ние го ветивме ова пред изборите и сега го реализираме“, истакна Сулејмани.
Една од најголемите критики на претходниот систем беа злоупотребите каде граѓаните се изјаснуваа како припадници на друга етничка заедница само за да добијат работно место. Сулејмани тврди дека новиот закон предвидува строги санкции за ваквите појави.

„Секој кој ќе се осмели лажно да ја изјасни својата етничка припадност ќе биде санкциониран. Тој ќе биде исклучен од конкретниот конкурс и нема да има право да аплицира на ниту едно работно место во наредните три месеци“, појасни заменикот министер.

Покрај кандидатите, законска одговорност ќе сносат и раководителите на институциите. Доколку директорите не го спроведуваат законот, ќе се соочат со политичка одговорност, што според Сулејмани е многу посилна мерка од досегашните парични казни кои честопати се игнорираа.

На новинарското прашање за забелешките на Венецијанската комисија во однос на мерит-системот и координацијата, Сулејмани демантираше дека законот е во спротивност со нивните препораки. Тој посочи на Членот 9 од предлог-законот, каде експлицитно е наведено формирањето на координативно тело за следење на состојбите.

„Методологијата ќе ја предлага Агенцијата за администрација во соработка со координативното тело. Првиот вицепремиер на Владата ќе биде задолжен за следење на спроведувањето на законот низ сите институции во државата“, додаде тој.
Сулејмани заклучи дека ова законско решение е суштинско за стабилноста и правичноста во државата, нагласувајќи дека Владата е максимално внимателна во неговото конципирање за да не се повторат грешките од минатото.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Саша Илиќ и официјално се врати на местото тренер на Партизан

Следно

АфД УБЕДЛИВО ВОДИ ВО НОВАТА АНКЕТА – Крајната десница станува сè посилна во Германија

Latest from Blog

Мурињо во одбрана на Вини: Тој не е во најдобра форма, но дава се од себе и заслужува почит

Тренерот на Реал Мадрид испрати јасна порака до навивачите по победата над Интер. Жозе Мурињо застана во одбрана на Винисиус Жуниор откако Бразилецот повторно беше на удар на дел од навивачите на

ЦЕЛОСЕН ХАОС ВО ОРМУЗ – Гори енергетската артерија на светот

Иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти денеска дека неговите сили гаѓале два американски брода и осум нафтени танкери во Ормускиот Теснец. Во соопштението што го пренесе полуофицијалната иранска новинска агенција

Адвокатот на Линдзи Кленси бара од Трамп да ја помилува, иако таа призна дека си ги убила своите три деца (ВИДЕО)

„Господине претседателе, се надевам дека ќе размислите за тоа каква личност е оваа млада жена, низ што поминала и ќе ја разгледате можноста за помилување“, рече адвокатот Кевин Редингтон во интервју за

ЛШ Полувреме: Мбапе и Валверде ги казнија грешките на Интер, Порто издржа против Сити (ВИДЕО)

Реал Мадрид има убедлива предност од 2:0 по првите 45 минути на натпреварот против Интер во воведното коло од Лигата на шампионите. Можеби резултатот не ја отсликува целосно сликата на теренот затоа
Go toTop