Фронтекс заплени фалсификувани производи во вредност од 33 милиони евра во операцијата „Пирати 1“

June 21, 2023
1 min read

ВАРШАВА (АА) – Фронтекс со седиште во полскиот главен град Варшава, преку операцијата наречена „Пирати 1“, заплени фалсификувани производи со пазарна вредност од 33 милиони евра, пренесува Анадолу.

Во соопштението на Фронтекс се вели дека во операцијата, реализирана во период од 9 до 19 мај, чија цел била да се спречи стотици илјади производи да стигнат до европскиот пазар, учествувале 15 земји членки на ЕУ.

Според соопштението, евтините и нискоквалитетните фалсификувани производи може да го доведат во опасност здравјето на корисниците.

Се истакнува дека овие производи може негативно да влијаат врз приходите на ЕУ и пазарот на работната сила.

Во рамките на операцијата „Пирати 1“ запленети се фалсификувани производи со пазарна вредност од над 33 милиони евра.

Меѓу запленетите фалсификувани производи има облека, обувки, чанти, паричници, колани, очила за сонце, парфеми, електрични велосипеди и часовници, со што се нарушуваат правата над 60 комерцијални бренда.

Исто така, во овие рамки се запленети и електронски цигари, накит, 250 килограми наркотични средства и 59 парчиња огнено оружје.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Германска Ханза заинтересирана за репрезентативецот Милан Ристовски

Следно

Македонските екипи ги дознаа можните противници во Конференциската лига!

Latest from Blog

Тошковски од Мала Преспа: македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот

Бериша: За 10 години Албанија ја напушти 45 отсто од популацијата поради нарко диктатурата

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократска партија и поранешен премиер, Сали Бериша во обраќањето на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува во Порто, Португалија изјави дека за една деценија 45 отсто

СДСМ објави нови 11 кандидати за градоначалници, во Струмица наместо Костадинов ќе се трка Даскаловски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција објави уште неколку имиња на кандидати за градоначалници на партијата за претстојните локални избори. Прашан зошто актуелниот струмички градоначалник Костадин Костадинов нема да бара

Во Ирак се одржа Фестивал на убавина за мачки

СКОПЈЕ (АА) – Во организација на Кралската ветеринарна болница, во ирачкиот град Сулејманија денес се одржа второто издание на Фестивалот на убавина за мачки, каде што љубителите на мачки се собраа за
Go toTop