Франција забранува Инстаграм, ТикТок и Снепчет за деца под 15 година

February 18, 2023
1 min read

Влезот на социјалните платформи, како што се Инстаграм, ТикТок или Снепчет ќе биде блокиран за деца под 15 години, освен ако тоа не им го дозволат нивните родители. Казната со која ќе се соочат социјалните мрежи кои нема да вградат такво техничко решение ќе изнесува 1 процент од нивниот годишен приход. Според проценките, Инстаграм во 2022 година генерирал приход во висина од 51,4 милијарди долари.

Ова се елементите од новата француска легислатива со која првичната идеја за задолжителна верификацијата на возраста за влез на порно сајтови ќе биде проширена и врз главните социјални мрежи.

Заштитата на децата во онлајн просторот е еден од политичките приоритети на официјален Париз.

Минатата година, Франција беше првата земја која што побара од производителите на паметни телефони и таблети да им овозможат на родителите да го контролираат интернет пристапот на своите деца. Во тек е и дебата за донесување законски решенија со кои ќе се зголеми заштитата на детските слики на интернет и ќе се ограничи времето поминато пред мониторите или екранити.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Туркије: Продолжува лекувањето на 1.392 повредени лица донесени во Истанбул од подрачјето на земјотресот

Следно

Шешов: Објектите градени со дозвола се сеизмички сигурни – слаба алка се дивоградбите и доградбите

Latest from Blog

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и

Макрон повика на контрамерки поради царините на САД доколку не се постигне договор

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја осуди одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини од 30 отсто на увозот од ЕУ и ја повика Европската комисија да подготви соодветни контрамерки

Филипче: Власта има 1.8 милиони евра за кампањи, но нема средства за семејствата на настраданите во Кочани

На средбата се разговараше за потребата од државна  поддршка  за семејствата на настраданите од трагедијата во Кочани. Претседателот Филипче посочи дека власта не прифати ниту еден  предлог на СДСМ за помош за

Барди ќе го носи дресот на Коњаспор

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди денеска беше претставен како нов играч на Коњаспор. Тој во следните две сезони ќе го носи дресот на овој турски тим. Ова воедно ќе биде
Go toTop