Франција почна со евакуација на свои и на државјани на други земји од Нигер, првиот авион слета во Париз

August 2, 2023
2 mins read

Во првиот авион кој ноќеска слетал во Париз имало 262 лица, меѓу кои и десет бебиња. Речиси сите евакуирани синоќа се француски државјани. Со друг авион за евакуација се очекува да пристигне нова група Французи, Нигеријци, Германци, Белгијци, Канаѓани, Американци, Австријци и Индијци. Како што е најавено, француските власти треба да ја завршат евакуацијата денеска напладне, а засега се планирани четири летови

Франција почна со евакуација на своите и на државјани на други европски земји од Нигер по минатонеделниот воен удар во земјата. Првиот авион со повеќе од 250 лица, како што пренесуваат медиумите, ноќеска меѓу 1 и 2 август слетал на парискиот аеродром „Шарл де Гол“.  

Првите француски државјани пристигнуваат на парискиот аеродром „Шарл де Гол“ / Фото: EPA-EFE/TERESA SUAREZ

Во авионот имало 262 лица, меѓу кои и 10 бебиња. Речиси сите евакуирани се француски државјани, пренесува регионалниот сервис на РСЕ. 

Со друг авион за евакуација се очекува да пристигне нова група Французи, Нигеријци, Германци, Белгијци, Канаѓани, Американци, Австријци и Индијци. 

Како што е најавено, француските власти треба да ја завршат евакуацијата денеска напладне, а засега се планирани четири летови за таа цел. Од околу 1 200 Французи регистрирани во конзулатот во Нигер, 600 сакале да ја напуштат земјата. 

Инаку, Нигер е стратешки партнер на Франција, која моментално има околу 1 500 војници во оваа земја. По Мали и Буркина Фасо, Нигер, кој досега беше сојузник на западните земји, стана третата земја во Сахел каде што се случи државен удар од 2020 година. 

Покрај Франција, евакуација на своите граѓани најавија и Италија и Шпанија. Франција, исто така, понуди да ги евакуира луѓето од другите европски земји. Министерството за надворешни работи во Берлин претходно ги советуваше Германците во Нигер да ја прифатат понудата. 

Париз соопшти дека ги евакуира своите граѓани откако воздушниот простор на Нигер беше затворен, со што луѓето се изложени на ризик да бидат заробени во земјата. 

Западноафриканските земји во неделата упатија седумдневен ултиматум до воената хунта во Нигер за целосно враќање на уставниот поредок, велејќи дека не се исклучува употреба на сила доколку е потребно. 

Во Нигер имаше и насилни протести за поддршка на воениот удар во кој офицерите на елитната единица на генералот Омар Тчиани го соборија претседателот Мохамед Базум, минатата среда. 

Париз не ги признава новите власти во Нигер и повика на враќање на уставниот поредок и враќање на демократски избраниот претседател Базум.  

Државниот удар во Нигер беше широко осуден од соседните земји и од меѓународните партнери, кои одбија да ги признаат новите лидери и побараа демократски избраниот претседател Мохамед Базум да се врати на власт. 

Додека воената хунта во Нигер не покажува знаци на повлекување поради зголемениот меѓународен притисок, многумина стравуваат дека пучот може дополнително да го дестабилизира сиромашниот регион на Западна Африка, погоден од милитантно насилство и пучисти, и каде што Русија се обидува да го зголеми своето влијание, пишуваат светските медиуми.  

Илјадници приврзаници на хунтата која го презеде Нигер со државен удар, маршираа низ улиците на главниот град Ниамеј во неделата, на 30 јули, веејќи руски знамиња, скандирајќи го името на рускиот претседател и осудувајќи ја поранешната колонијална сила Франција.  

Демонстрантите маршираа низ градот до француската амбасада, додека црн чад можеше да се види од целиот град. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Полска ја критикуваше Украина поради повикувањето на полскиот амбасадор на разговор

Следно

Канада воведува задолжителни здравствени предупредувања на секоја цигара

Latest from Blog

Девојката родена без мозок наполни 20 години, докторите во чудо: Таа е голем борец (ВИДЕО)

Алекс Симпсон од Омаха е родена со ретка состојба позната како хидраненцефалија, според нејзините родители, Шон и Лорена Симпсон, кои разговараа за нивната ќерка за локалната станица KETV News, како што објави

Апсења на Тајлан пред почетокот на Мис Универзум (ВИДЕО)

Тензиите меѓу мексиканските и тајландските организации кулминираа со апсењето на Хорхе Фигеира, директорот на Мис Универзум Мексико, откако тој беше пријавен на локалните власти од Нават Ицарагрисил, директорот на тајландската франшиза. Инцидентот

Бизнисмен откри какво е чувството да дадеш над 10 милиони долари за стара чанта: Ми се превртуваше желудникот (ВИДЕО)

Минатиот месец, тој ја направи победничката понуда од другата страна на светот и му го обезбеди на овој моден артефакт статусот на најскапата чанта во историјата. Иако излезе како победник, 43-годишниот Сакимото

Жената што му се закани на судијата на судењето на Трамп осудена на 27 месеци затвор

Жената од Тексас, која упати насилни закани до федералниот судија кој работеше на отфрлена кривична постапка против американскиот претседател Доналд Трамп, денес беше осудена на две години и три месеци затвор. Окружниот
Go toTop