Франција побара објаснување од Израел по убивањето на вработен во француското МНР во нападите во Газа

December 18, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Франција синоќа побара објаснување од Израел за убивањето вработен во Министерството за надворешни работи во воздушен напад врз станбена зграда во Рафа, јужна Газа, јавува Анадолу.

На заедничката прес-конференција со нејзиниот израелски колега Ели Коен во Тел Авив, француската министерка за надворешни работи, Кетрин Колона, рече: „Побаравме целосни информации за околностите што би можеле да го разјаснат таргетирањето на оваа куќа, по експлозијата што резултираше со смрт на вработениот.“

„Министерот Коен вети дека ќе ми даде информации, а јас сметам на брзо добивање прецизни детали и оправдувања што можеа да доведат до таргетирање на оваа куќа, нешто што ние не можеме да го разбереме“, додаде Колона.

Во саботата, француското Министерство за надворешни работи ја осуди смртта на еден од своите вработени поради повреди здобиени во израелски воздушен напад врз градот Рафа во јужниот дел на Газа.

Министерството соопшти дека „одредени вработени побарале засолниште во домот на колега што работел во францускиот Конзулат, а потоа куќата, на 13 декември, е подложена на израелско гранатирање.“

„Франција го осуди гранатирањето на станбениот објект, во кој загинаа и околу 10 други цивили“, соопшти Министерството и ги повика израелските власти „што е можно поскоро да ги разјаснат околностите за ова гранатирање“.

И покрај смртта на вработениот во француското МНР, Колона ја повтори поддршката на нејзината земја за „правото на Израел на самоодбрана“ и на истата прес-конференција изјави: „Тука сум да ја потврдам солидарноста на Франција со израелскиот народ.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кисела Вода реконструира нови три улици и паркинг во Драчево

Следно

Османи: Фактот што ОБСЕ беше спасено во Скопје претставува огромен успех за нашата дипломатијата

Latest from Blog

Проданоски: Стотици учесници на јубилејната велосипедска манифестација во Прилеп

Јубилејното 20-то издание на традиционалната рекреативна манифестација „Сите на велосипед“-2026 успешно се одржа денеска во Прилеп, со учество на голем број велосипедисти, млади, деца и љубители на спортот и рекреацијата. Учесниците возеа

Милион и пол верници веќе пристигнаа во Мека, и покрај војната во иран и заканите од напади

Според официјалните податоци, еден и пол милион верници пристигнале само од странство пред почетокот на годишното поклонение во понеделник. Патот низ светите места По посетата на Каба, главното светилиште на исламот во

Премиерите на Македонија и Хрватска, Мицкоски и Пленковиќ, утре ќе остварат средба во Охрид

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски утре во Охрид ќе му биде домаќин на претседателот на Владата на Хрватска, Андреј Пленковиќ. По пречекот на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, Мицкоски и Пленковиќ
Go toTop