Франција и Италија ќе продолжат со воената поддршка за Украина, изјавија Макрон и Мелони

June 20, 2023
1 min read

Нема сомнеж дека Италија и Франција ќе продолжат да ја поддржуваат Украина се додека е потребно, рече Мелони

Франција и Италија се обединети во нивната поддршка за украинските воени напори, изјави францускиот претседател Емануел Макрон на денешната средба со италијанската премиерка Џорџа Мелони во Елисејската палата.

„Мораме да продолжиме, особено за да ја направиме контраофанзивата започната пред неколку дена што е можно поефективна“,

рече Макрон.

„Нема сомнеж дека Италија и Франција ќе продолжат да ја поддржуваат Украина се додека е потребно“,

рече Мелони пред средбата со францускиот претседател.

Нагласувајќи ја француско-италијанската посветеност, Мелони рече дека системот за воздушна одбрана SAMP/T-MAMBA, на кој двете земји работат со месеци, сега е оперативен на украинското бојно поле.

Мелони, исто така, рече дека Париз и Рим се согласуваат за потребата Европската Унија да работи „прагматично и сериозно“ за да му помогне на Тунис, земја која бележи егзодус на мигранти во Европа во последните месеци.

Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Трагите на можните нови сопственици на „Жан Митрев“ водат во Тирана

Следно

Американска крајбрежна стража: Во исчезнатата подморница останаа околу 40 часа кислород

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и
Go toTop