Франк Дупре – музичар со бескраен хоризонт

July 30, 2023
1 min read

Еден од водечките млади пијанисти на денешницата Франк Дупре од Германија вчеравечер ги воодушеви љубителите на класичната музика кои беа во редовите на публиката на фестивалот „Охридско лето“.

Маестралниот пијанист во црквата „Света Софија“  одржа  пијано-рецитал почнувајќи со Шубертовата „Вандерер“ Фантазија C-dur  оп.15, а потоа и со Арабеска C-dur  оп. 18 од Роберт  Шуман и „Исламеј“ ориенталната фантазија оп. 18 од Милиј Балакирјев. Вечерта беше збогатена со „Трите пиеси за пијано“ од Лили Буланже  како и со „Прелудиуми за пијано“ од Клод Дебиси.  Дупре уште еднаш ја потврди својата виртуознот на пијаното и преку композициите „Барка на океанот“ од циклусот „Огледала“ на Морис Равел и „Три прелудиуми за пијано“ од Џорџ Гершвин.

-Репертоарот што го свирев синоќа беше различен од оној  што го имав пред неколку вечери со моето „Франк Дупре Трио“. Тогаш имав можност да импровизирам  со многу синкопи и џез хармонии. И овојпат свирев со цело срце  како и тогаш, но потполно класична музика, вели пијанистот Дупре.

Пред само четиори вечери, на музичкиот препертоар на 63-тото „Охридско лето“,овој пијанист настапи со неговото „Франк Дупре Трио“  со кое остави силен впечаток кај публиката на „Охридско лето“. Германските уметници Дупре, Јакоб Круп на контрабас и Оби Јене на тапани, лесно ги надминаа наводните жанровски граници, спојувајќи ја класичната музика со џезот што претставуваше  вистинско уживање за фестивалската публика која играше и потпевнуваше заедно со нив.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ПСЖ во Бенфика го најде новиот напаѓач

Следно

Најмалку пет лица загинаа при немири во палестински камп во Либан

Latest from Blog

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:

Силен земјотрес во близина на Закинтос

Во морскиот дел југозападно од грчкиот остров Закинтос беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, а не се пријавени повредени лица или причинета материјална штета, јави дописничката на МИА
Go toTop