(ФОТОГАЛЕРИЈА) Скопје „се дави“ во ѓубре, решение нема на повидок

July 9, 2023
1 min read

Неподнослива миризба, преполни контејнери и расфрлан отпад на сите страни – втор ден Скопје се дави во ѓубре. Вработените во „Комунална хигиена“ протестираат и одбиваат да работат, а раководството на претпријатието нема решение како ќе се реши проблемот додека трае штрајкот.

Сликата со преплавени контејнери и смет на околу е речиси идентична во сите скопски населби.

Граѓаните стравуваат од ширење на зарази, а дел од градоначалниците на скопските општини реагираа дека единствено одговорност за проблемот има ЈП „Комунална хигиена“ и Градот Скопје.

„Насекаде гледаме полни контејнери, а сите ние, граѓаните ја трпиме штетата од неумесното и неодговорно менаџирање со јавното претпријатие. Преполните контејнери смет и лошиот мирис кој се шири во општината е одговорност на Градот Скопје и Јавното претпријатие „Комунална хигиена“. Граѓаните одговорно и навремено ја плаќаат комунална такса и тие заслужуваат чиста и средена општина. Токму поради тоа апелираме до надлежните, да ја тргнат политиката на страна и итно да изнајдат соодветно решение за собирање на сметот во  општина Аеродром“

велат од Општина Аеродром.

Реакција за проблемот со отпадот стигна и од Општина Центар, од каде побараа итно решени од градските служби.

„Предупредуваме, надлежните од Градот да не бараат оправдувања туку веднаш да дејствуваат, високите температури надвор, најмалку дозволуваат главниот град да биде претрупан со смет. Граѓаните плаќаат комунална такса и сакаат чист град“,

велат од Општина Центар.

Вработените во ЈП „Комунална хигиена“ неколку дена протестираат со барања за повисоки плати и враќање на работа на отпуштените колеги. Директорката Косана Мазнева доцна синоќа со полициска придружба се сретна со дел од вработените од кои побара да го прекинат протестот и да се вратат на работа. Таа кажа дека состојбата е резултат на политички блокади од поединци за кои поднела кривични пријави.

Разговорите меѓу двете страни ќе продолжат во понеделник, а дотогаш нема решение за проблемот со ѓубрето.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ТРАГЕДИЈА: Татко и две деца се удавија во Албанија

Следно

Папата Франциск ги повика Израел и Палестина на дијалог за помирување

Latest from Blog

Наследник на медиумско царство во Норвешка и неговата бремена сопруга загинаа во мистеризна авионска несреќа во Гватемала

Неговата бремена сопруга Џудит Мазариегос (26) исто така загина во авионската несреќа. Семејството ја потврди смртта на двајцата за норвешкиот весник „Дагбладет“. Норвешкото Министерство за надворешни работи потврди само дека меѓу жртвите

Мицкоски: 63 имиња, 63 животи што недостигаат, 63 светлини што никогаш нема да згаснат во нашето сеќавање

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва, преку својот фејсбук профил, порача дека загинатите во трагедијата во Кочани засекогаш ќе останат во нашето сеќавање. -63 имиња, 63 животи што недостигаат, 63 приказни што прерано запреа,

Брендфорд со „кикс“ против Вулверхемптон

Неочекувано, тимот на Брендфорд, кој што сезонава игра прилично добро, особено на свој терен вечерва одигра само 2:2 против тимот на Вулверхемптон кој што е закован за последната позиција на табелата. Кајоде
Go toTop