(ФОТОГАЛЕРИЈА) Државен погреб за Силвио Берлускони во Милано

June 14, 2023
1 min read

Претседателот, премиерката и тројца поранешни шефови на влади во Италија се појави на погребот. Од странските гости, највисоки државни претставници беа унгарскиот премиер и катарскиот емир

За поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони денеска попладне беше организиран погреб со државни почести во катедралата Дуомо во Милано, додека во Италија денеска беше ден на жалост.

Илјадници луѓе се собраа пред катедралата кои според италијанските обичаи аплаудираа кога ковчегот со телото на Берлускони, прекриен со цвеќе, беше внесен внатре каде се наоѓаат бизнис и политичката елита на Италија.

Берлускони кој водеше три италијански влади меѓу 1994 и 2011 година, беше медиумски тајкун, а големо влијание имаше и во фудбалскиот бизнис, за повеќето Италијанци важи за највлијателната личност во Италија во изминатите неколку децении. Меѓутоа, тие се поделени околу тоа дали имал добро или лошо влијание.

Берлускони почина на 86-годишна возраст во понеделникот во болницата во Милано каде се лекуваше од хронична леукемија.

Меѓу највисоките државни претставници од странство кои присуствуваа на погребот денеска беа унгарскиот премиер Виктор Орбан и емирот од Катар, Шеик Тамим бин Хамад Ал Тани.

Од италијанскиот државен врв присутни беа премиерката Џорџа Мелони која му беше коалициски партнер на Берлускони и првото министерско искуство го стекна во една од неговите влади, како и претседателот Серџо Матарела. Присуствуваа и тројца поранешни премиери: Матео Ренци, Паоло Џентилони и Марио Драги.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вучиќ: Курти сака да предизвика војна по секоја цена

Следно

По последните тензии меѓу Белград и Приштина, Рама повика да се почека истрагата на КФОР

Latest from Blog

Проданоски и Андоновски на настан за дигитална безбедност во Прилеп

Прилеп денеска беше одбележан Меѓународниот ден на побезбеден интернет – 11 февруари, со настан што се одржа во ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“, во присуство на министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски,

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Венко не само што се инволвирани во трговијата со дрога, очигледно претерано ја конзумираат

Ако подетално се погледнат прес-конференциите и заклучоците на СДС, ќе се дојде до сознание дека не само што нивни структури се поврзани со трговијата на марихуана туку се активни конзументи на истата,

Стратешкото партнерство со САД е двигател за енергетскиот развој, вели Божиновска

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска остварила средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во земјава, Никол Варнес. На средбата се разговарало за продлабочување на
Go toTop