Вучиќ: Курти сака да предизвика војна по секоја цена

June 14, 2023
1 min read

Уапсените косовски полицајци, како што раскажа тој, тврделе оти не знаеле дека ја поминале административната линија и некои велеле дека не знаат да користат ГПС

Фото: РТС

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва за националниот сервис РТС го обвини косовскиот премиер Албин Курти дека сака да предизвика војна.

Обвинувањата од Вучиќ доаѓаат откако денеска тројца припадници на косовската полиција беа уапсени од српските сили. Приштина обвини дека станува збор за киднапирање што се случило на косовска територија во близина на границата, а Белград, пак, вели дека косовските специјалци навлегле длабоко во централна Србија и затоа биле уапсени.

„Да избегнеме шпекулации бидејќи се наоѓаме на раскрсница – сакаме ли сè уште мир или не. И тоа не благодарение на нашата намера да немаме мир, туку благодарение на тоа што постои еден човек на Балканот кој сака да предизвика војна и судир по секоја цена – станува збор за Албин Курти“,

рече Вучиќ на РТС.

Се плашам, додаде српскиот претседател, дека „го поминавме Рубикон“ и оти враќањето во реалноста ќе биде тешко.

Вучиќ негираше дека апсењето го спровела војската на Србија и дека тоа се случило на косовска територија.

„Гарантирам да ниеден војник од војската на Србија и ниеден полицаец не ја поминал административната линија или како што велат другите – границата. Ние нив ги уапсивме на 1,8 километри подалеку од административната линија, на потегот Орахово-Гњилица“,

тврди Вучиќ.

Уапсените косовски полицајци, како што раскажа тој, тврделе оти не знаеле дека ја поминале административната линија.

„Сè што кажаа е дека не знаеле дека ја преминале линијата. Некои рекоа ’јас не знам да користам ГПС‘ итн.“,

вели српскиот претседател.

Во врска со забраната за увоз на секаков вид стока од Србија во Косово, која ја донесе косовската влада попладнево, пак, рече дека тоа е спротивно на меѓународните прописи и правилата на ЦЕФТА и оти со тоа се покажува намерата на Приштина „да го изгладни народот на северот“, да остане без лекови и без основните продукти.

*Поврзани вести:

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски очекува Ковачевски да прифати еден од двата предлози и да има лидерска, СДСМ чека работни групи од ВМРО-ДПМНЕ

Следно

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Државен погреб за Силвио Берлускони во Милано

Latest from Blog

Жртва на Епштајн: Еден ден, масерката ме покани во неговата соба

Жената, идентификувана само како Роза, сведочеше заедно со неколку други жртви на Епштајн на сослушување организирано од демократски конгресмени. Роза рече дека била регрутирана како тинејџерка од Узбекистан од страна на соработникот

ЈКП “Комуналец“ – Прилеп продолжува со уредување на зеленилото во градот

ЈКП Комуналец – Прилеп продолжува со реализација на Оперативниот план за ново засадување и обновување на дрвја, зимзелени и грмушкасти растенија низ градот. Во рамки на активностите во населбата „Димо Наредникот“, на

Комуналец – Прилеп: Продолжува обновата на зелените површини

ЈКП Комуналец – Прилеп продолжува со реализација на Оперативниот план за ново засадување и обновување на дрвја, зимзелени и грмушкасти растенија низ градот. Во рамки на активностите во населбата „Димо Наредникот“, на

Усвоено: Путин ќе може да нападне која било земја во светот? СО ВОЕНА ИНТЕРВЕНЦИЈА ЌЕ ОСЛОБОДУВА РУСИ ПРИВЕДЕНИ ВО СТРАНСТВО

Во среда, рускиот парламент донесе закон со кој му се дозволува на претседателот Владимир Путин да нареди инвазија на странски земји. Според законот, Москва законски ќе може да испраќа војници во странство
Go toTop