ФОТО: Во критична состојба лицето кое беше спасено на Ливадичко езеро, од скршениците имало обилно крварење

June 8, 2025
1 min read

Денес 08.06.2025 година, во попладневните часови, по добиено барање од Центарот за управување со кризи (ЦУК), Армијата на Република Северна Македонија, поради сериозноста на повредите и непристапниот терен, изврши итна медицинска евакуација со хеликоптер од вВИНГ, на лице кое паднало во провалија во близина на Ливадичко Езеро, Шар Планина.

Повреденото лице, при падот, се здобило со скршеници на раката, ногата и колкот, како и со обилно крварење, поради што било во критична состојба. На лице место интервенираше екипаж- тим на парамедици, кои и покрај непристапниот терен успешно го извлекоа и имобилизираа повредениот.

Армијата во координација со ЦУК и здравствените установи изврши успешна медицинска евакуација и го предаде повреденото лице на екипа од итната медицинска помош, по што истото беше транспортирано на понатамошен болнички третман.

Армијата на Република Северна Македонија, заедно со останатите институции во државата продолжува да дејствува во интерес на граѓа

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

За Мицкоски граѓанскиот револт во Кочани е политичко движење

Следно

Ане Петрушевски победи на Европскиот Куп во Словенија

Latest from Blog

ПОЗНАТА ШЕМА? Погледнете што CNN забележа на Flight Radar околу Куба

Летовите на американската воена разузнавачка служба покрај брегот на Куба нагло се интензивираа, се наведува во анализата на CNN на јавно достапните податоци за воздушниот сообраќај. Од 4 февруари, морнарицата и воздухопловните

Дел од Кисела Вода во понеделник без струја – ЕВН најави прекин

Од ЕВН Македонија АД информираат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од жителите на Општина Кисела Вода. Според најавата, прекинот ќе биде во периодот

Титула заверена на „Ел Класико“: Барса со победа над Реал до 29. шампионски наслов (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона за само 18 минути ја освоија 29-тата титула шампион на Шпанија, откако на домашен терен го победија Реал Мадрид со 2:0 во „Ел Класико“ натпреварот од 35-тото коло на

ИДФ: Либански проектил падна на израелска територија

ИДФ соопшти дека нема повредени и дека е подигната тревога во областа Рамат непосредно пред инцидентот. „Уште еднаш, странската терористичка организација Хезболах го прекрши договорот за прекин на огнот“, соопшти Израелската војска
Go toTop