(ФОТО+ВИДЕО) Русија го нападна Краматорск: Најмалку осум лица загинаа од кои три се деца

June 28, 2023
1 min read

Во нападот повредени се и најмалку 56 лица, а спасувачките екипи се уште бараат затрупани лица под урнатините

Фото: EPA-EFE/National police of Ukraine

Најмалку осум лица загинаа, меѓу кои и три деца, во ракетен напад што Русија синоќа го извршни на градот Краматорск во источна Украина.

Нападот се случил околу 19:30 часот по локално време, а погодени се објекти во центарот на градот, меѓу кои ресторан, станбени згради и шопинг зона, делови кои се под украинска контрола.

Фото: EPA-EFE/National police of Ukraine

Две од децата чии тела биле пронајдени во урнатините се идентификувани и биле на возраст од 15 и 12 години. Според информациите кои ги пренесуваат украинските медиуми, меѓу жртвите има и 17-годишна девојка.

Спасувачките екипи сè уште трагаат по лица затрупани под урнатините.

Украинските служби за итни случаи објавија дека има и 56 лица кои се повредени.

Претседателот Володимир Зеленски го осуди нападот и рече дека тоа е чин на терор кој му покажува на светот дека Русија заслужува пораз и судење пред трибунал.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Пентагон: Демократијата и владеењето на правото во С Македонија се важни за регионалната и глобалната безбедност

Следно

(ВИДЕО) Немири на улиците на Париз откако полицаец уби тинејџер, уапсени 20 лица

Latest from Blog

ВИДЕО: Хорор повреда, Донарума му ја скрши ногата на Мусиала, цел стадион во шок

Четвртфиналниот дуел на Светското клупско првенство помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн беше обележан со ужасна сцена на крајот од првото полувреме, кога Џамал ​​Мусиала заработи сериозна повреда на ногата. Младиот германски

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди

„Марш за ангелите“ во Кочани: Родителите на 62-те жртви од ноќниот клуб „Пулс“ повторно чекорат против тишината на институциите

Речиси четири месеци по најсмртоносниот пожар во историјата на земјата, Кочани вечерва ќе ги пречека родителите и блиските на загинатите на дванаесеттото протестно движење, симболично наречено „Марш за ангелите“. Маршот, организиран од
Go toTop