Пентагон: Демократијата и владеењето на правото во С Македонија се важни за регионалната и глобалната безбедност

June 28, 2023
1 min read

Во однос на евроинтеграциите на земјава, заменик-помошниот секретар во Пентагон вели дека САД го гледаат процесот на членство во ЕУ како поширока евроатлантска интеграција со која ќе се надгради влезот на земјава во НАТО од 2020 година

Фото: Глас на Америка

Важно за регионалната и глобална безбедност е Северна Македонија да се фокусира на демократијата и владеење на правото, рече заменик-помошникот секретар за одбрана на САД за европска и НАТО политика Спенсер Бојер за Гласот на Америка на македонски.

На прашањето дали верува дека корупцијата во Македонија е закана за нејзината национална безбедност, тој вели дека она што ставот на Пентагон е оти владеењето на правото и демократијата се важни за да се има силни системи кои ќе придонесат и за регионалната и за глобалната безбедност.

„Ќе оставам на моите колеги од Стејт департментот да зборуваат за политиката и политичките напори што ги имаме со Северна Македонија. Она што можам да го кажам од страната на Одделот за одбрана е дека го гледаме нашиот однос како расте и како вистинска основа за севкупните билатерални односи. Се разбира, ние се грижиме за демократијата и владеењето на правото во целина за сите наши сојузници и партнери. Сметаме дека фокусирањето на тие работи и постоењето силни демократии се важни за да се има силни системи за да бидат отпорни, да придонесат пошироко за регионалната и глобалната безбедност. Така што тоа е секогаш важно“,

вели Бојер.

И за членството на земјава во ЕУ, тој нагласува дека тоа е важно за безбедноста и стабилноста пошироко и тоа, вели, е нешто што САД го поддржува.

„Нема да навлегувам во спецификите на односот меѓу Бугарија и Северна Македонија за конкретни политички прашања. Тоа ќе го оставам на другите да го направат, но она што би го кажал за Европската Унија и аспирацијата на Северна Македонија да стане членка, е нешто што ние целосно го поддржуваме. Се разбира, зависи од Европската Унија да донесе сопствена одлука за членството, но ние го гледаме процесот на придвижување кон членство во ЕУ, пошироката евроатлантска интеграција, да се надгради на влезот на Северна Македонија во НАТО во 2020 година, како важно“,

вели заменик-помошникот секретар во Пентагон.

На прашањето дали можното натамошно одложување на пристапниот процес од една страна, и тензиите меѓу Косово и Србија од друга страна, треба да бидат аларм за ЕУ со оглед на ризикот од натамошна ескалација, тој одговара:

„Секогаш постои шанса нешто што е во одредена област да се прошири, и ние внимаваме на тоа и правиме сè што можеме како земја, и работиме со Северна Македонија и другите, да се обидеме да осигураме да го стабилизираме регионот“.

Во интервјуто Бојер зборува и за десетгодишен план за соработка во одбраната што минатиот месец го потпишаа САД и Северна Македонија, при што објаснува дека овој патоказ предвидува билатерална и регионална соработка и политика, модернизација на одбраната, соработка во однос на сајбернападите и справување со дезинформациите.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зошто украинската контраофанзива уште не доби залет?

Следно

(ФОТО+ВИДЕО) Русија го нападна Краматорск: Најмалку осум лица загинаа од кои три се деца

Latest from Blog

Астон Вила „крена раце“ од Мартинез, ќе го купува Сузуки

фото: Le 12e Analyste @ResiliencePSG (X) Новинарот Екрем Конур денеска објави дека екипата на Астон Вила се подготвува за разделба со аргентинскиот репрезентативен голман Емилијано Мартинез. Според Конур, англискиот клуб засилено работи

„Белата куќа повеќе нема да биде безбедна за Трамп“

Боруџерди нагласи дека одмаздата за атентатот врз поранешниот врховен лидер Али Хамнеи станала „обврска“ за неговите следбеници и „сите слободни луѓе низ целиот свет“. Тој додаде дека Трамп, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

Локалитетот Куклица се уште е под узурпација: Една жена не ги пушта туристите, се вративме сите и странци и наши

Иако помина еден месец откако јавноста беше информирана дека татко и ќерка од Кратово го узурпирале заштитеното подрачје Куклица, и незаконски наплаќале влез на посетители, проблемот се уште не е надминат, бидејќи

Хит видео од фронтот: Митралез го врти и отфрла рускиот војник (ВИДЕО)

Видеото, за кое се верува дека е автентично според достапните информации, прикажува руски војник како отвора оган од митралез поставен на импровизирана ротирачка поставка. Сепак, поради силен отскок, оружјето одеднаш се свртува
Go toTop