(ФОТО+ВИДЕО) Пукање во Луисвил, Кентаки: Полицијата потврди дека има повеќе жртви

April 10, 2023
2 mins read

Според прелиминарните информации што ги пренесува Си-ен-ен, во инцидентот има најмалку петмина убиени и шест ранети кои се пренесени во болница. За време на инцидентот имало престрелка меѓу напаѓачот и полицијата. Според изворите на Си-ен-ен, напаѓачот бил застрелан и убиен од полицијата, но засега не е познато дали тој е меѓу шесте жртви за кои извести телевизијата

Полицијата во градот Луисвил во американската сојузна држава Кентаки потврди дека има повеќе жртви во пукање што се случило во градот, пренесува Би-би-си.

Во објава на Твитер од полициската управа на Луисвил соопштија дека во тек е акција против „активен агресор“.

Според првичните информации на дел од граѓаните, било побарано да се држат подалеку и да ја избегнуваат областа Ист Мејн додека трае полициската операција.

Видеоснимки од областа покажуваат тешко вооружени полициски екипи како опколуваат комерцијален објект во областа каде што се случило пукањето.

Инцидентот, како што пренесува британскиот национален сервис, се случил во централното градско подрачје на Луисвил, во близина на бејзбол-стадионот Луисвил Слагер Филд и неколку блокови од Меѓународниот конгресен центар во Кентаки и центарот „Мухамед Али“.

Новинска снимка од местото на настанот покажува силно полициско присуство, како и оштетено стакло и медицинска опрема на една локација.

Многубројни полициски екипи се присутни на местото на вооружениот инцидент во центарот на Луисвил/Фото: Принтскрин

Според прелиминарните информации што ги пренесува Си-ен-ен повикувајќи се на свои извори од местото на настанот, во инцидентот има најмалку петмина убиени и шест ранети кои се пренесени во болница.

За време на инцидентот имало престрелка меѓу напаѓачот и полицијата.

Според изворите на Си-ен-ен, напаѓачот бил застрелан и убиен од полицијата, но засега не е познато дали тој е меѓу шесте жртви за кои извести телевизијата.

Состојбата на настраданите не е позната, а според засега достапните информации сите се пренесени во универзитетската болница во градот.

Гувернерот на Кентаки, Енди Бешеар, соопшти дека се упатил на местото на настанот во центарот на Луисвил.

„ЛМПД потврди дека има пукање во центарот на Луисвил со повеќе жртви. Сега одам таму. Ве молам, молете се сите погодени семејства и за градот Луисвил“,

напиша Бешеар на Твитер.

Во интервенцијата полицијата на Луисвил била помогната и од специјални агенти на Федералното истражно биро (ФБИ), јавува Си-ен-ен.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Најмалку шестмина загинати во лавина на француските Алпи

Следно

ОН: Итно се потребни 800 милиони долари за да се спаси Авганистан од глад

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop