(ФОТО + ВИДЕО) Невреме во Словенија: Паднати дрвја, излеани реки, илјадници домови се без струја

July 13, 2023
1 min read

На некои места поради последиците од невремето затворени се локални и магистрални патишта, а илјадници домаќинства се без електрична енергија

Невреме со силен ветер, дожд и град денеска ја зафатија Словенија. Силниот ветер урна дрвја, а од невремето оштетени и поплавени се се повеќе објекти. На некои места поради последиците од невремето затворени се локални и магистрални патишта, а илјадници домаќинства се без електрична енергија. Според инфомациите, кои ги пренесуваат словенечките медиуми, најсилните налети на ветерот биле речиси 100 километри на час, неколку реки низ земјата се излеани, а состојбата се уште не е смирена.

Според досегашните податоци на информативниот центар, најлошо е во Помурје, додека поплавени згради, многу паднати дрвја и прекини во електричната енергија има и од Горење, Корушка, Штајерска и Приморска.

Силниот ветер соборил голем број дрвја, од кои дел се паднати врз возила, згради, далноводи, предизвикувајќи еден пожар и неколку прекини во електричната енергија. Откриени се и штети и на неколку покриви на згради и поплави во неколку подруми. Некои згради се оштетени и од град.

„Метеоинфо Словенија“ на својата фејсбук-страница објави дека по невремето во многу делови на Словенија, денот се завршува со виножито, што е најава за период на постабилно време што се очекува на крајот на неделата.

„Топол африкански воздух повторно ќе почне да ни се шири. Температурите веќе во сабота ќе надминат 30 степени, а во недела и на почетокот на следната недела повторно може да очекуваме околу 35 Целзиусови степени“,

се вели во информацијата на „Метеоинфо Словенија“.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Шкендија со минимална предност ќе оди на реваншот во Велс

Следно

Манчестер Јунајтед купи голман од 55 милиони евра

Latest from Blog

Повторно достапни закажувањата за термин за нова лична карта, возачка дозвола и пасош преку националниот портал за е-услуги

На барање на бројни граѓани и поттикнати од интересот на медиумите, Министерството за дигитална трансформација ја информира јавноста дека електронската апликација за закажување термин за издавање на лични документи повторно е достапна

Најмалку 39 Палестинци убиени во израелски воздушни напади во појасот Газа

АНКАРА (AA) – Најмалку 39 Палестинци се убиени денес во израелски воздушни напади врз повеќе локации низ појасот Газа, објавија медицински и локални извори, известува Анадолу. Во воздушен напад во западниот дел

Вечерва се отвора 65. издание на фестивалот „Охридско лето“

Со гала концерт на американска пијанистка со блескава уметничка кариера, Клер Хуангчи, во придружба на орекестарот на Македонската филхармонија под диригентска управа на маестро Едвин Оутвотер вечерва на Античкиот театар ќе биде

65. ОХРИДСКО ЛЕТО ОТВОРА СО АМЕРИКАНСКАТА ПИЈАНИСТКА КЛЕР ХУАНГЧИ И ФИЛХАРМОНИЈАТА

Под мотото „Трансформација на сетилата“  вечерва во 21 часот на Античкиот театар во Охрид ќе биде отворено јубилејното 65. издание на фестивалот Охридско лето. Отворањето е со  концертот на американската пијанистка Клер

ЦУК: Состојба со пожарите во Македонија

На веб страницата на Центарот за управување со кризи, според вчерашните информации до до 18:30 часот, на територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор: АКТИВНИ пожари (5): Општина
Go toTop