(ФОТО+ВИДЕО) Демонстранти го прекинаа говорот на Макрон во Хаг: „Претседател на насилството и лицемерието“

April 11, 2023
1 min read

Французите, рече тој, треба да бидат помалку лути на него бидејќи во многу други земји пензионирањето е подоцна од предложената француска реформа

Францускиот претседател Емануел Макрон беше „нападнат“ за време на дводневната официјална посета на Холандија.

Фото: EPA-EFE/ROBIN VAN LONKHUIJSEN

На почетокот на неговиот говор на настан организиран од Институтот „Нексус“, во кој зборуваше за неговата визија за иднината на Европа, демонстранти истакнаа транспаренти со натписи на англиски: „Каде е француската демократија?“, „Климатската конвенција не се почитува“ и „Претседател на насилството и лицемерието“.

„Имате милиони демонстранти на улиците“, рече демонстрант по повод протестот во Франција поради реформата на пензискиот систем што предвидува пензионирање на 64 наместо на 62 години.

Кога тензијата во салата се смири, Макрон рече дека Французите треба да бидат помалку лути на него бидејќи во многу други земји пензионирањето е подоцна од предложената француска реформа.

Пред да го прочита говорот на англиски, Макрон посочи и дека „е многу важно да се има социјална дебата“.

„Можам да одговорам на сите прашања за кои разговараме во Франција. Тоа е демократија, каде што можете да демонстрирате и да видите ваков вид на дејствување“,

рече Макрон и додаде дека демократијата е доведена во опасност кога некој ќе си каже дека не се согласува со законот или со избраните функционери и ќе одлучи да прави што сака.

Во говорот „За иднината на Европа“, пак, тој ја претстави својата визија за иднината на европскиот суверенитет, велејќи дека таа треба да се заснова на пет столбови: конкурентност, индустриска политика, протекционизам, реципроцитет и соработка.

Фото: EPA-EFE/REMKO DE WAAL

„Војната на Русија во Украина го отвори веројатно едно од најопасните времиња за Европската унија. Беше кажано дека нашата Унија ќе стане посилна низ кризата, но никогаш не сме се соочиле со таква закана“,

рече Макрон.

Неговата дводневната посета на Холандија во рамки на која во престојува во Амстердам и Хаг е прва официјална посета на француски лидер по Жак Ширак пред 23 години.

По неговото пристигнување во Амстердам, холандскиот крал Вилем-Александар пред неговата палата му приреди церемонијален пречек. За утре, пак, е предвидена средба со холандскиот премиер Марк Руте.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ЛШ: Осимен нема да настапи на мечот со Милан

Следно

Ердоган ја започна трката за задржување на власта – опозицијата е обединета против него

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop