Фото: Трета среќа за Ријана, музичката ѕвезда повторно ќе се оствари како мајка

September 18, 2025
1 min read

Оваа информација не би била толку изненадувачка ако пејачката не испрати, навидум, прилично јасна индикација за полот на бебето во својата најнова објава.

Имено, Ријана позираше за насловната страница на познатото списание „Hommegirls“, откривајќи го својот труднички стомак во стил што многумина го протолкуваа како суптилна порака.

Таа носеше розови бермуди и маица, додека целиот едиторијал беше дизајниран во нежни розови тонови. Токму овој детаљ ги охрабри обожавателите да веруваат дека овој пат очекува девојче.

– Со мојата следна модна икона, напиша Ријана во описот на фотографијата, алудирајќи на бебето што го носи, и со тоа дополнително ги „запали“ социјалните мрежи.

Таа со години сака ќерка .

Пејачката веќе има два сина со својот партнер ASAP Rocky – постариот Рзу, кој го доби името по легендарниот продуцент од Wu-Tang Clan, и помладиот Раит.

Иако Ријана ретко објавува семејни моменти, јасно е дека мајчинството донесе нова димензија во нејзиниот живот. Таа постојано зборуваше за тоа колку е горда на своите синови и колку ужива да биде родител.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Италија споделувањето на фотомонтажи создадени со ВИ е казниво дело

Следно

Деветмина кандидати за градоначалник на Струга и 10 советнички листи

Latest from Blog

Аксиос: Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот

Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, наведе извор пренесен од американскиот портал. „Медијацијата е во тек

Повторно ќе сведочи ,,клучниот” сведок за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, Самоил

Поминаа три години од денот кога му се изгуби секаква трага на Самоил Костадиновски, кој е внук од брат на сопругата на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Тој бил киднапиран,

Проданоски: Заедно против насилството и негативните појави во Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека локалната самоуправа продолжува активно да работи на градење доверба, разбирање и заедништво во заедницата, во соработка со Центарот за заедничка основа. Во рамки на
Go toTop