(ФОТО) Трагите од крв сведочат за синоќешниот масакр кај Младеновац

May 5, 2023
1 min read

Трагите од крв покрај две клупи во селото Дубона кај Младеновац сведочат за синоќешниот масакр во кој беа убиени осум лица, а ранети 13.

Жителите на селото со неверување и солзи во очите го дочекаа утрото, додека истражителите се на терен и земаат траги од местото на несреќата.

Осомничен за масовното убиство е 21-годишниот Урош Б. кој утрово околу 8 часот беше уапсен од српските полицајци во селото Вињиште кај Крагуевац.

Неофицијалните информации говорат дека пукањето започнало по расправија во училиштен двор по која осомничениот заминал дома, ја зел пушката и почнал да пука. Наводно, осомничениот пукал на три локации. На терен беа повеќе од 600 специјалци, а беше ангажирана и хеликоптерската единица на српското МВР.

Нова ТВ објави дека осомничениот при бегството влегол во такси-возило и со закана кон возачот побарал да го однесе во Вињиште каде што неофицијално побарал скривалиште кај роднини. Се скрил, според неофицијални информации, во викендичка на неговата мајка.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Делегација од општина Карпош во посета на Сараево

Следно

Таткото на момчето кое го изврши масакрот имал дозвола за МИНИ АРСЕНАЛ

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop