(ФОТО) Првични резулати од референдумот: Швајцарците се изјаснија за нулта емисии гасови до 2050 година

June 18, 2023
1 min read

Референдумот за климата беше распишан по кампањата што ја почнаа научниците и еколозите за спас на швајцарските глечери кои се топат со алармантна брзина

Мнозинството Швајцарци денеска на референдум го поддржаа планот за нулта емисии на гасови со ефект на стаклена градина до 2050 година, покажуваат првичните резултати. Конечните резултати ќе бидат објавени во текот на денот.

Поддржувачи на законот за климатски промени во Берн, Швајцарија
фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DELLA VALLE

Швајцарците на денешниот референдум одобрија и воведување на данок од 15 проценти за големите компании што се активни на меѓународно ниво.

Законот за климата го поддржале 58,7 отсто од граѓаните, додека повеќе од 79 проценти се изјасниле за новиот данок.

Постери за гласање „против“ нацрт-законот за климатски промени на ѕидот на собирното место на противниците на законот во Берн, Швајцарија
фото: EPA-EFE/PETER KLAUNZER

Референдумот за климата беше распишан по кампањата што ја почнаа научниците и еколозите за спас на швајцарските глечери кои се топат со алармантна брзина.

Поглед на швајцарскиот глечер Алеч во Вале, Швајцарија, (септември 2019 г.) кој е еден од најголемите ледени потоци во Европа и првото светско наследство на УНЕСКО на Алпите. Оваа огромна река од мраз е долга 23 километри од нејзиното формирање во регионот Јунгфрау
фото: EPA-EFE/ANTHONY ANEX

Учесниците на кампањата првично предложија поамбициозни мерки, но подоцна го поддржаа планот на Владата, кој предвидува дека Швајцарија ќе постигне нула емисии до 2050 година.

Глечерите во Швајцарија минатата година доживеаја рекордно топење, губејќи повеќе од шест отсто од својот волумен.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На аеродромот во Сингапур почнаа да работат роботи полицајци

Следно

Парични казни за лицата кои ќе одбијат да дадат податоци на пописот во Албанија

Latest from Blog

Ердоган: ОН мора да го укинат правото на вето во Советот за безбедност

Во статијата тој наведува дека „трагедиите што светот ги виде во последните години, како што се пандемии, енергетски кризи, прекини во синџирот на снабдување и регионални конфликти, покажаа дека препуштањето на решавањето

Kurti takohet me presidentin e Bankës Botërore

Kryeministri i Kosovës, Albin Kurti, gjatë qëndrimit në Nju Jork për Asamblenë e Përgjithshme të Organizatës së Kombeve të Bashkuara (OKB), ka takuar presidentin e Bankës Botërore, Ajay Banga. Kurti ka bërë

Израел се закани: Доколку Хамас киднапира еден заложник, насилно ќе евакуираме милион граѓани на Газа

Кац рече дека неговата закана доаѓа по разузнавачките информации за можни потези на Иран, Турција и нивните сојузници, вклучително и Хамас, пишува The Jerusalem Post. Тој тврди дека Израел сака да користи
Go toTop