ФОТО: Прогласена бојата за 2026 – Нов тренд во модата и ентериерот

December 4, 2025
1 min read

Институтот за бои Пантон традиционално, како и секоја година, ја избира бојата за претстојната 2026 година и веќе ја гледаме насекаде околу нас.

Доловувањето на културниот дух и трендовите за претстојната година е напорна работа, но секоја година Институтот за бои Пантон избира боја за да го направи токму тоа. И тој се одлучи за нијансата на белата боја, како боја на годината за 2026 година.

Институтот Пантон, кој се смета за водечки авторитет за бои, предвидување на трендови и консалтинг за брендови, ја опиша нијансата како „брановидна, избалансирана бела боја, исполнета со чувство на спокојство“.

-Како што притисокот на технологијата врз секојдневниот живот се интензивира, нијансата Cloud Dancer е „смирувачко влијание во френетичното општество, повторно откривајќи ја вредноста на умереното размислување и тивката рефлексија“, изјави за CNN Лeaтрис Ајсман, извршна директорка на институтот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PANTONE (@pantone)

Како што додаде таа, белата боја е поврзана со нови почетоци и ја означува нашата желба за нов почеток.

-Името на бојата е клучно. Штом ќе го чуете името што ја опишува бојата, веднаш имате слика пред вашите очи, вели Лорин Пресман, заменик-директор.

Оваа прецизна нијанса на бела боја со својот „рамномерен баланс на ладни и топли нијанси“ е внимателно избрана.

-Доколку се одлучивме за бела боја, која е оптички посветла, таа не само што ќе отстапуваше од природното чувство, искреноста и автентичноста што ги бараме… речиси зборува за стерилност и изолација, бидејќи е ладно, рече Ајсман.

Додека различните нијанси на бела боја се сеприсутни во модата долго време, оваа нијанса особено се поврзува со лелеави силуети и природни ткаенини слични на пердуви“, верува таа.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Досега се откупени над еден милион килограми тутун

Следно

Закањи го “реши“ Милан и го однесе Лацио во 1/4 финалето во Купот на Италија

Latest from Blog

Меџити: Со 42 милиони евра се гради новиот универзитетски кампус во Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, соопшти дека денеска бил поставен камен-темелникот на новиот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проект кој го оцени како историски момент за образованието. Според него,

Македонски весник “Илинден“ петнаесет години ѕвезда Деница за македонскиот збор

Одбележување на годишнината од првиот број на гласникот на Македонците во Албанија Петнаесет години истрајност и посветеност – весникот „Илинден“ е жив хроничар на македонската заедница во Албанија, чувар на јазикот и

Потпишан Договорот за изградба на паркинзи во комплексот клиники „Мајка Тереза“

Министерството за здравство (МЗ) и Град Скопје го потпишаа Договорот за изградба на паркинзи во рамки на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Договорот е на 15 години, со 10 отсто закупнина од вкупно
Go toTop