Меџити: Со 42 милиони евра се гради новиот универзитетски кампус во Чаир

March 7, 2026
1 min read

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, соопшти дека денеска бил поставен камен-темелникот на новиот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проект кој го оцени како историски момент за образованието.

Според него, станува збор за инвестиција вредна 42 милиони евра, која претставува најголема инвестиција досега во албанското образование во Македонија и една од најзначајните во регионот.

„Овој проект претставува изградба на универзитетски кампус според најсовремени стандарди, дизајниран да ги исполни барањата на современото образование и научно-истражувачката работа“, истакна Меџити.

Тој нагласи дека значењето на проектот не се однесува само на инфраструктурата, туку и на неговото пошироко општествено значење.

„Овој кампус ќе го претвори Скопје и Чаир во важен универзитетски центар за Албанците. Тоа ќе им овозможи на младите да студираат на модерен универзитет и на својот мајчин јазик, во услови што ги подготвуваат за глобалниот пазар на знаење и економија“, рече Меџити.

Тој додаде дека инвестициите во образованието се инвестиции во иднината на едно општество.

„Таму каде што се градат универзитети, се гради интелектуалната сила на еден народ, се создава академската и професионалната елита и се зацврстува културниот и јазичниот идентитет“, нагласи градоначалникот.

Меџити истакна дека овој проект ќе има долгорочно влијание врз развојот на општеството и образованието, додавајќи дека кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“ ќе стане значаен центар на знаење, научни истражувања и академски развој.

„Денеска поставуваме темели на институција која во иднина ќе создава генерации студенти, професионалци и истражувачи. Ова е ден кога се поставуваат камењата на еден проект што ќе го подигне албанското образование на повисоко ниво“, порача Меџити.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонски весник “Илинден“ петнаесет години ѕвезда Деница за македонскиот збор

Следно

Анте Будимир ја спаси Осасуна од пораз (ВИДЕО)

Latest from Blog

„Булмак 2016“ со четиригодишен проект за развој на детскиот спорт во Пробиштип

Спортот има клучна улога во правилниот психофизички развој на секое дете. Преку иницијативата Кошарка за секое дете во Пробиштип веќе се создаваат нови можности за најмладите да спортуваат бесплатно и да градат

Тоневски: Четвртоодделенците од „Никола Карев“ поставуваа прашања за работата на Општина Пробиштип

Ученици од четврто одделение при ООУ „Никола Карев“ ја посетија Општина Пробиштип и одблизу се запознаа со работата на градоначалникот, општинската администрација и надлежностите на локалната самоуправа. Во разговорот со градоначалникот Тони

МЕПСО инвестира во иднината на енергетиката: Се подготвува зајакнување на мрежата во југоисточниот регион

АД МЕПСО продолжува со реализацијата на стратешките активности за модернизација на електроенергетската инфраструктура во Македонија. Денеска генералниот директор на компанијата, доц. д-р Бурим Љатифи, потпиша договор со Никола Битрак, извршен директор на

Проданоски: Обезбедивме 10 телевизори за собите во Домот „Киро Крстески – Платник“

За собите во Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ во Прилеп се обезбедени 10 нови телевизори во соработка со Тутунскиот комбинат АД Прилеп, соопшти градоначалникот Дејан Проданоски по посетата на

Коњановски: Битола и Турција ќе ја продлабочуваат соработката во економијата, културата и туризмот

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска се сретна со новиот турски амбасадор во Македонија, Алпер Акташ. Во фокусот на разговорот беа можностите за продлабочување на соработката во економијата, културата и туризмот. Коњановски
Go toTop