Потпишан Договорот за изградба на паркинзи во комплексот клиники „Мајка Тереза“

March 7, 2026
2 mins read

Министерството за здравство (МЗ) и Град Скопје го потпишаа Договорот за изградба на паркинзи во рамки на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Договорот е на 15 години, со 10 отсто закупнина од вкупно остварениот промет. Во првата фаза е предвидена изградба на два современи монтажни паркинга, со најмалку 500 паркинг места, кои се очекува да бидат ставени во функција до втората половина на наредната година. Паркинзите ќе бидат, пред се, наменети за пациентите и за вработените во Клиничкиот центар. Планирано е едниот паркинг да биде кај Клиниката за гинекологија, а вториот кај црквата во Клинички.

Како што најавија министерот за здравство Азир Алиу и градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски пред потпишувањето на Договорот, ако има потреба, ќе биде изграден и трет монтажен паркинг, а доколку се утврди дека капацитетите овозможуваат да се паркираат и приватни резиденти, ќе се овозможи и таква опција.

Паркинзите ќе имаат нов систем за евиденција и наплата преку кои ќе се врши детекција на слободни места и ќе се овозможи полесен и побрз пристап, а пациентите ќе ги користат по истите цени и по повластени услови.

Ова, нагласија Алиу и Ѓорѓиевски, е капитален проект не само за Скопје, туку за цела Македонија и со него ќе се реши досегашниот децениски хаос со паркирањето во Клиничкиот центар.

-Договорот за давање под закуп на недвижни ствари со непосредна спогодба со Град Скопје предвидува организирање, управување, уредување и одржување на паркиралиштата во комплексот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Град Скопје има обрвсрка во следните 60 дена да достави акциски план за спроведување на активностите со конкретни рокови за импелементација. Договорот е на 15 години, со закупнина во висина од 10 отсто од вкупно остварениот промет, а Град Скопје ќе почне со проектирање и изградба на катни гаражи и инфраструктурно уредување. Проектот значи модернизација и значително зголемување на капацитетите за паркирање за околу 50 отсто. Закупецот е должен пред Советот на Град Скопје да предложи ценовник за паркирање со билети за корисници за комерицјална употреба на здравствени услуги, за пациенти со малигни заболувања и за вразбоптените во Клинички. Проектот ќе предвидува комплетен мониторинг на паркирањето и дигитален водич за граѓаните, хортикултурно уредување на просторот, паметен паркинг-систем со сензори за детекција на слободни паркинг-места, мобилна апликација, поврзување со фискален систем…, истакна министерот Алиу.

Според градоначалникот Ѓорѓиевски, наместо приватен инвеститор, паркинзите ќе ги гради Град Скопје што ќе оневозможи поскапување на билетите и остварување бизнис профит.

-Во минатото беа планирани други цели за паркингот на Клинички, особено јавно-приватно партнерство ЈПП) со што интересот на граѓаните ќе беше во втор план зашто кога ќе се случи ЈПП и кога ќе влезе приватен инвеститор и цените ќе се зголемат. Дојдовме до соломонско решение, Наместо приватен, инвеститор ќе биде Град Скопје. Наредната недела, в четврток, ќе правиме ребаланс на Буџетот, а една од точките ќе бидат монтажните паркинзи, два во првата фаза со најмалку 500 паркинг места за почеток. Ако се покаже дека има потреба од повеќе, ќе биде изграден и трет монтажен паркинг. Тоа ќе биде генерално решавање на хаосот што владее со години на Клинички. Ако се утврди дека капацитетите овозможуваат да се паркираат и приватни резиденти, ќе овозможиме и таква опција, но фокусот ќе биде задоволување на потребите на пациентите и на вработните во Клинички. Планираме по ребалансот ќе биде распишана тендерска постапка – проектирање и изведба. Операторот што ќе го добие тој проект, ќе треба да го заврши во рок што ќе го утврдиме со МЗ, но тоа нема да биде повеќедецениски проект. Се надевам дека до втората половина на наредната година двата монтажни паркинга ќе бидат ставени во функција. Ќе бидат ултра современи, со нов систем за евиденција и наплата, точно ќе се врши детекција на слободни места, ќе се овозможи полесен и побрз пристап и ќе се спречат дополнителните нервози кај граѓаните, подвлече Ѓорѓиевски.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Д-р Александар Колев во „Што го врти светот?“: Иднината на кардиохирургијата, превенцијата и човечноста во медицината

Следно

Пред малку се огласи Трамп со најава за нов масовен удар на Иран

Latest from Blog

БОЖИНОВСКА – ПОПОВ: МЕРМС и МАНУ ќе ги обединат експертизата и науката за развој на енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со академик Живко Попов, претседател на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), на која беше разговарано за воспоставување поинтензивна

Денеска на Мундијалот: Стартува “Последниот танц“ на Роналдо, мега – дерби меѓу Англија и Хрватска

ФОТО:.facebook.com/PORTUGAL На програмата се нови четири средби од 23.Светско првенство. По се она што синоќа го направија Килијан Мбапе и посебно Лео Меси, сега сите погледи се вперени кон Кристијано Роналдо и

Binance останува посветен на своите европски корисници и ќе продолжи да работи во согласност со важечките закони

Binance повторно ја потврдува својата посветеност кон европските корисници и намерата да продолжи да работи во целосна согласност со важечките прописи низ целиот континент, при што ја нагласува важноста од правична, предвидлива

ЗАВРШЕНА ИСТРАГАТА ПРОТИВ ЈАНУКОВИЧ и поранешни функционери за настаните на Мајдан

Обвинителите и истражителите на Државното биро за истраги на Украина ја завршија истрагата против поранешниот претседател Виктор Јанукович и 16 поранешни високи државни функционери, во врска со обвиненијата за создавање криминална организација
Go toTop