(ФОТО) По земјотресите во Турција, земјите од светот се мобилизираат за да помогнат во напорите за спасување

February 7, 2023
1 min read

Дождот и снегот им предизвикуваат проблеми на спасувачите, но специјализирани тимови од многу земји, вклучително Швајцарија, Грција, САД, Романија, Италија се на пат кон Турција за да им помогнат на тамошните тимови

Додека Турција и Сирија почнаа да ја проценуваат штетата предизвикана од земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, во кој досега загинаа најмалку 4 300 луѓе, земјите ширум светот се мобилизираа за да помогнат во напорите за спасување и закрепнување по катастрофата.

Дождот и снегот им предизвикуваат проблеми на спасувачите, но специјализирани тимови од многу земји, како Швајцарија, Грција, САД, Романија, Италија, како и Северна Македонија се на пат кон Турција за да им помогнат на тамошните тимови.

Од Северна Македонија во Турција ќе бидат испратени 40 припадници на републичките сили за заштита и спасување кои ќе помогнат во санирањето на последиците од земјотресот, а заедно со нив ќе бидат испратени и две противпожарни возила.

Во санирањето на последиците од земјотресот, дополнително ќе бидат испратени и 24 припадници на Армијата, од кои 22 лица од Баталјонот за специјални сили, две кучиња за пребарување и две лица водачи на кучиња.

Швајцарските експерти и спасувачи со кучиња се дел од екипите кои се заминати во Турција за помош на тамошните служби. Од Швајцарија е товарена и хуманитарна помош за Турција.

Грчката спасувачка мисија за помош на Турција вклучува 21 пожарникар од единицата за итни случаи ЕМАК, две кучиња за спасување и возило на специјалната мисија за спасување. Со нив во Турција се и офицер на Противпожарната бригада специјализиран за поддршка на урнати згради, пет лекари за итни случаи од системот за брза помош ЕКАВ и претседателот на грчката Организација за антисеизмичко планирање и заштита.

Членовите на холандскиот тим за пребарување и спасување УСАР со потребната опрема заминат е за Турција. Во тимот се 65 вработени во УСАР и осум кучиња помошници.

Ирак обезбедува помош за Сирија. Безбедносните сили ја собраа хуманитарната група на Црвената полумесечина за да ја испратат во соседната земја

И тајванските спасувачи ќе помагаат во операциите за пребарување и спасување во Турција.

Специјализиран тим од пожарникари од Урбаниот тим за пребарување и спасување на Чешка ќе помага во потрагата по луѓе во урнатините во Турција. Чешкиот тим на УСАР е специјално обучен да најде луѓе кои може да бидат затрупани под урнатините.

Околу 50 пожарникари и медицински работници се дел од тимот од Италија кои ќе помогнат на сириско-турската граница во спасувачките напори. Од Италија ќе има и дополнителни летови по пристигнувањето на пожарникарите, кои ќе донесат медицински персонал и опрема за Турција.

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека неговите тимови брзо се распоредуваат за да почнат да ги поддржуваат турските напори за пребарување и спасување. САД соопштија дека ќе испратат два тима за пребарување и спасување од по речиси 80 луѓе.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

(ВИДЕО) Нов земјотрес во Турција, бројот на загинатите се зголемува, зимските услови го отежнуваат спасувањето

Следно

ПОЧИНА КОМПОЗИТОРОТ И ПРВЕНЕЦ НА „ТАНЕЦ“ МИЛАН ЗАВКОВ

Latest from Blog

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе

Клековски им порача на крушевчани дека со смената на локалната власт во градот ќе направат уште повеќе

Членот на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ Клековски денеска во посета на крушевските села и на самото Крушево со ветување дека кога ќе ја преземат локалната власт, ќе направат уште повеќе за

ВИДЕО: Хорор повреда, Донарума му ја скрши ногата на Мусиала, цел стадион во шок

Четвртфиналниот дуел на Светското клупско првенство помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн беше обележан со ужасна сцена на крајот од првото полувреме, кога Џамал ​​Мусиала заработи сериозна повреда на ногата. Младиот германски

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди
Go toTop