(ФОТО) Плоштадот „Скендербег“ претворен во ѓубриште по синоќешната прослава за годишнината од Рамковниот договор

August 14, 2023
1 min read

Различно ѓубре и пластична амбалажа се расфрлани на локацијата на која вчеравечер се одржа концерт по повод 22-годишнината од Охридскиот рамковен договор

И годинава тендерот за организацијата на прославата, распишан од Министерството за политички систем со кое раководи Артан Груби (два договора во вкупен износ од сто илјади евра) го доби „Арбериа дизајн“, позната по тоа што во континуитет добива јавни набавки од институции со кои раководат кадри на ДУИ

Фото: „360 степени“

Црвено-бели ленти врзани по бандерите и оградите, остатоци од нив разлетани насекаде, преполни канти и контејнери претворени во мали депонии, расфрлано ѓубре во кое доминираат пластични шишиња. Ваква е глетката денеска претпладне на плоштадот „Скендербег“ во Скопје – место на кое синоќа се одржа централниот настан за одбележување на годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор. Дел од ѓубрето е собрано на купчиња, но автомобилите што се паркираат го газат и го разнесуваат.

За организирање на настаните за одбележување на годишнината и годинава беше задолжено Министерството за политички систем со кое раководи првиот вицепремиер Артан Груби, кој, пак, случувањата кај „Скендербег“ во живо ги пренесуваше на Фејсбук.

И годинава тендерот за организацијата на прославата за Рамковниот договор, распишан од Министерството за политички систем на Груби (два договора во вкупен износ од сто илјади евра) го доби „Арбериа дизајн“, фирма позната по тоа што во континуитет добива јавни набавки од институции со кои раководат кадри на ДУИ.

Покрај хотелски, кетеринг и други услуги, на „Арбериа“, според договорите и понудите, треба да ѝ бидат исплатени 300 илјади денари за концепт за организирање на настанот, како и 290 илјади денари за стихотворба од реномиран поет, музички аранжман и аудиозапис на песна по повод годишнината. За видеоспот за песната се предвидени околу 4 000 евра, а за спот за постигнувањата на Рамковниот договор се издвоени 6 000 евра.

Тетовската фирма и лани беше задолжена за манифестацијата кога од државниот буџет ѝ беше на располагање иста сума – сто илјади евра. И лани меѓу ставките во договорот беа стихотворба и песна за Рамковниот договор.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Да не ги има некој видено британските тенкови во Украина?

Следно

Закерберг: Елон Маск не е сериозен за борбата во кафез

Latest from Blog

Потенцијално нови наоди: Пронајден досега непознат влез во најмалата пирамида во Гиза

И илјадници години откако биле изградени, се чини, пирамидите во Гиза сè уште чуваат тајни. Нагласката на најновото истражување е кај Менкауровата пирамида – најмалото од трите зданија, кај коешто тим научници

Гоце Седлоски нов селектор на фудбалската репрезентација на Македонија

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на денешната седница донесе одлука за избор на нов селектор на македонската А репрезентација. За нов селектор е именуван Гоце Седлоски. Членовите на највисокото

Коњановски: Без силни младински политики нема развој на локалните заедници

Во Битола денеска се одржа четвртата средба на Регионалната платформа за млади, на која учествуваа граѓански организации и градоначалници од Пелагонискиот регион. На настанот се обратија претседателката на Про Локал Емилиа Ѓероска,

ФФМ избра: Гоце Седлоски ќе ја предводи македонската репрезентација

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на денешната седница донесе одлука за избор на нов селектор на македонската А репрезентација. За нов селектор е именуван Гоце Седлоски. Членовите на највисокото
Go toTop