Закерберг: Елон Маск не е сериозен за борбата во кафез

August 14, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ – Извршниот директор на Мета, Марк Закерберг, истакна дека Илон Маск, сопственикот на X, претходно познат како Твитер, не е сериозен во врска со одржувањето „тепачка во кафез“, пренесува Анадолу.

Во објавата на Тредс, платформа за дигитални социјални медиуми лансирана на 5 јули како конкурент на X, Закерберг рече дека му понудил на Маск „вистински датум“ за борбата.

„Мислам дека сите можеме да се согласиме дека Илон не е сериозен и дека е време да продолжиме понатаму. Понудив вистински датум… Илон не потврдува датум, потоа вели дека му треба операција, а сега наместо тоа бара да има тренинг во мојот двор“, рече тој.

Како одговор, Маск возврати на платформата Х, нарекувајќи го Закерберг „плашливец“.

Маск првично ја изрази својата подготвеност борбата да се одржи колку што е можно поскоро.

Маск го предизвика Закерберг на борба по вестите дека извршниот директор на Мета ќе лансира социјална мрежа слична на Твитер. На 22 јуни Закерберг објави дека ја прифатил понудата за „тепачка во кафез“.

Основачот на Тесла, исто така, изјави дека е во разговори со италијанските власти и тие се договориле за „епска локација“ за борбата чии приходи ќе одат за ветераните и педијатриските болници во Италија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

MARKETING

MARKETING

Претходно

(ФОТО) Плоштадот „Скендербег“ претворен во ѓубриште по синоќешната прослава за годишнината од Рамковниот договор

Следно

ПСЖ ќе добие 100 милиони евра: Нејмар се договори со Ал Хилал!

Latest from Blog

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:

Силен земјотрес во близина на Закинтос

Во морскиот дел југозападно од грчкиот остров Закинтос беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, а не се пријавени повредени лица или причинета материјална штета, јави дописничката на МИА

ОН: Израелското ограничување на влезот на хуманитарна помош во Газа „загрозувачко по живот“

ХАМИЛТОН (АА) – Обединетите нации (ОН) денес предупредија дека израелските ограничувања за влез на хуманитарната помош во Појасот Газа, вклучително и испораката на гориво, ставаат во опасност безброј животи, јавува Анадолу. „Ваквите
Go toTop